Приведен албански државјанин во полициската станица во струшкото село Франгово поради обид за нелегално пренесување добиток на албанска територија, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 9 часот, во полициската станица за граничен надзор во струшкото село Франгово, приведен е С.Д.(59) од селото Рајца, Република Албанија.
– Тој, претходно од штала во селото Франгово, одзел добиток и за одреден паричен надомест, требало низ нелегален премин на македонско-албанската граница, да го пренесе на албанска територија, информирапортпаролот Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.