Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом – ОЈО се огласи за претходните дела на возачот

Обвинителството се огласи по објавата во некои медиуми во врска со претходни дела на 20-годишниот возач, осомничен за синоќешната сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

Оттаму појаснуваат дека Обвинителството поднело обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор, која по предлог на Обвинителството била определена од самиот почеток на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник. Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување. Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка“ се вели во соопштението на обвинителството.

Претходно од обвинителството беше објавено дека младиот возач возел без возачка дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло.

Кратко пред убиството на булеварот Партизански одреди каде со 130 километри на час да ја прегази и усмрти 22 – годишната Фросина Кулакова, Васил Јованов Васо на својот Инстаграм профил објавил фотографија со чаша вино. Сликата сѐ уште е достапна на неговиот Инстаграм профил каде евидентно е дека пред да ја прегази младата невина Фросина тој бил под дејство на алкохол.

 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×