Министерството за внатрешни работи вчера спроведе масовна координирана акција низ целата држава, при што санкционираше вкупно 865 прекршоци во сообраќајот.
Најголем дел од казните се однесуваат на непрописно паркирање – дури 213 возачи биле фатени како ги оставаат возилата каде што не им е место. Следуваат 117 казни за возење со брзина повисока од дозволената, како и 110 случаи на возачи без возачка дозвола – што укажува на алармантна несериозност во однос на сообраќајните правила.
Контролата ги опфати и мотоциклистите – 128 лица биле казнети затоа што не носеле заштитен шлем, а полицијата воедно запрела и четворица возачи под дејство на алкохол, седуммина кои минале на црвено светло, и дури и пешаци – петмина добиле казна за небезбедно однесување на улица.
Во текот на акцијата биле откриени и 47 возачи кои не носеле сигурносен појас, 25 кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, како и 33 нерегистрирани возила, кои веднаш биле исклучени од сообраќај. Полицијата открила и 10 технички неисправни возила, кои исто така биле отстранети.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите. Акциите ќе продолжат и во наредниот период“, велат од МВР, потенцирајќи дека сообраќајната култура мора да се подигне на повисоко ниво.
Контролите биле спроведени од сите сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност, а стануваат сѐ почести во пресрет на зголемениот сообраќаен метеж во пролетните и летните месеци.
The post ПОЛИЦИЈАТА ПОДЕЛИ 865 КАЗНИ ВО ЕДЕН ДЕН Вртоглава бројка за паркирање, брзо возење и без дозвола appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
