Се прават последните подготовки за државната матура. Годинава, 15.004 средношколци ќе седнат на жешкото столче за да полагаат.
Ако сте матурант во училиште кое располага со голема спортска сала или ходници, тестови од 31. мај ќе решавате во голема просторија каде што учите. Но, ако учите во училиште со мали просторни услови, ќе прошетате до некој од амфитеатрите на факултетите за завршниот испит.
Правилата се исти како и лани. Надлежните одлучија да не воведат дополнителни мерки за да се спречи препишувањето меѓу учениците, кое прерасна во јунска традиција. Еден набљудувач ќе надгледува 15 ученици. На матурантите не им се дозволени мобилни телефони. Директорката на учениците им порача смарфоните да си ги остават дома.
Полагањето на државаната матура во 2023 година остана запаметена по групата на Вибер, во која членувале 3.100 ученици кои препишувале за испитот по предметот англиски јазик. Матурантите препишувале и лани, исто така со формирање на Вибер групи.
Идејата за блокатори за мобилни телефони нема да се спроведе и годинава, но директорката на ДИЦ не ја исклучи можноста за поставување на вакви уреди за во следните години.