Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамките на дводневната посета на унгарско-македонскиот владин самит што се одржува во Будимпешта, денеска оствари билатерална средба со Тибор Наврачич, министер за јавна администрација и регионален развој на Унгарија.

На средбата, информираат од Министерството за локална самоуправа,  двајцата министри разговараа за регионалниот развој, одржливоста на системите за локално управување, децентрализацијата и територијалната организација на двете земји, а споделија и разменија искуства и практики во интерес на подобрување на начините на функционирање на локалната самоуправа на двете земји. 

Споделени беа и искуства за начинот и организацијата на унгарското министерство во делот на механизмите кои ги користи во насока на регионалниот развој, дигитализацијата на локалните услуги и зајакнувањето на општинските капацитети.

-Досегашната соработка и поддршка од нашите унгарски пријатели е исклучително важна за нашата држава. Унгарија е долгогодишен пријател и партнер во нашите реформи и со задоволство ја споделуваме нивната успешна практика во области кои се од големо значење за нашата локална самоуправа и регионален развој. Оваа средба е уште еден доказ за силната и континуирана поддршка која ја добиваме од Унгарија, а истовремено отвора нови можности за продлабочување на соработката помеѓу нашите земји, изјавил Перински по средбата.

На средбата станало збор и за можноста за зајакнување на соработката на полето на вмрежување на нашите локални заедници во рамките на програмите на ЕУ, што би придонело за поттикнување на иновациите и најдобрите практики на локално ниво.

-Споделените искуства се од особена важност за подобрување на капацитетите на локалната администрација и регионалниот развој во нашата земја, а интензивирањето на соработката е важен чекор во зајакнувањето на нашето партнерство со Унгарија како и во насока на остварување на европските амбиции на земјата, додал Перински.

Тој на средбата го информирал министерот Наврачич за досегашниот тек на проектот за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, една од најзначајните мерки на нашата Влада за унапредување на општинскиот развој, која се реализира со средства обезбедени од унгарскиот кредит.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×