ОТКРИЕНА НОВА „МЕТАСТАЗА“ Повеќе од 50 лица преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии

Повеќе од 50 лица се опфатени во денешната полициска акција во која се открива мрежа за незаконско прикажување лажни дијагнози со кои се овозможувало користење финансиска помош за туѓа нега и инвалидски пензии.
Обемната операција ја спроведува Бирото за јавна безбедост (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи (МВР) на територија на повеќе градови низ Македонија. Акцијата е насочена кон сузбивање организиран криминал и корупција во здравствениот систем.
Неофицијално дознаваме дека се работи за долгогодишно незаконско прикажување лажни дијагнози со кои се овозможувало аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.
Според првите информации, се работи за мрежа составена од повеќе од 50 лица: доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице (управител на консултантско биро). Се прават претреси во здравствени ординации, адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и во ЈЗУ Општа болница Велес.
Одлучно против криминалот
Министерството за внатрешни работи преку Бирото за јавна безбедност продолжува одлучно без задршка со решителна борба против организираниот криминал и корупцијата без да има заштитени или привелигирани, со една единствена цел изведување пред лицето на правдата на секој кој што работи незаконски, заштита на јавниот интерес, владеењето на правото и унапредување на интегритетот на институциите.
Потврда за одлучната борба се сите изминати акции кои до сега се спроведени во разни области, видови и тип на криминал (нарко мрежи и нарко групи, кримнални групи кои хараа низ Скопје и вршеле убиства, изнуди и уцени, злоупотреби на јавни тендери и незаконски богатења преку енергетскиот сектор, злоупотреби направени од страна на царински, полициски службеници, затворски полицајци, случаи на примање поткупи од полициски и други административни службеници, откриени и сузбиени лаборатории за фалсификувани пари и монети, сузбиени криминални групи кои работеле со трговија со луѓе и криумчарења мигранти, сизбиена група која работела со нелегално организирани игри на среќа, злоупотреби на тендери во Државна лотарија, криминална крупа која работела со фалсификувани возила, примање поткуп и злоупотреби од страна на Врховен судија и член на Совет на јавни обвинители…
Во сите овие случаи беа опфатени лица кои со години биле недопрени од службите задолжени за спроведување на законот. МВР преку БЈБ досега покажува робустна, разнолична и неселективна борба против сите кои секојдневно со незаконско работење придонесувале за континуирана девастација на институционалниот систем, а директно или индиректно со своите постапки ја нарушиле или срушиле довербата на македонските граѓани во целиот систем на македонската држава.
Претреси на 21 локација
Против 49 лица се поднесени кривични пријави за основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.
Во рамки на акцијата, се спроведуваат претреси на вкупно 21 локација, од кои: 15 се на домашни адреси на осомничени службени лица.
Во акцијата се предвидува лишување од слобода на вкупно 24 лица.
Претходни акции на полицијата
Полицијата потсети и за некои претходни успешни акции во борба против криминалот и корупцијата. Сузбиена е корупција на високо ниво со осуда на врховен судија и јавен обвинител од Совет на јавни обвинители поради влијание во случај поврзан со илегално производство на марихуана.
Спроведна е акција во енергетскиот сектор: поради злоупотреба на тендери и манипулации со јавни набавки, што резултираше со високи цени за потрошувачите и загадување на околината.
Откриена е злоупотреба во Државна лотарија, за што се спроведуваат истраги за нетранспарентни трансакции и пренос на средства кон фирми со партиски поврзаности.
Директорот на ЈЗУ „Геријатрија“ е под истрага поради примање поткуп.
Царински и полициски службеници се под истрага за примање мито за пропуштање на нелегална стока и лица.
За оддавање службени тајни на меѓународни картели за дрога е спроведена истрага и уапсени се полициски службеници кои помогнале во логистика на меѓународни нарко-картели.
Откриени се неколку случаи на полициски службеници кои незаконски доставиле доверливи информации до криминални групи.
Во Општина Маврово е регистриран случај каде раководителот на секторот за урбанизам фаворизирал приватен инвеститор во замена за материјална корист. Во други случаи пријавени се инспектори од инспекциските служби.
Сузбиени се криминални групи како „Беланоца“, „Дуќанчиќ“ и „Штекли“ — вклучени во сериозни кривични дела, со логистика преку полициски канали.
Откриени се активни групи во Тетово, Гостивар и Охрид, кои организирале транспорт и експлоатација на жени, вклучително и од Јужна Америка за проституција.
Сузбиена е седумчлена криминална група инволвирана во криумчарење мигранти на лица од Блискиот и Средниот Исток, во соработка со лице од Србија, при што во временскиот период додека делувала, извршиле криумчарење на поголем број мигранти низ територијата на Македонија.
Во меѓународна истрага откриена е нелегална печатница за евра со вмешаност на поранешни и активни полициски службеници.
Сузбиена е група која вршела систематско внесување на возила без царинење и продажба на сивиот пазар.
Проценката е дека сите овие случаи се од критична важност за националната и институционалната безбедност. За краток рок во период од 9 месеци како никогаш досега, забележана е консолидиација на институциите и манифестирана е државничка свест дека Македонија нема време за губење во битката со криминалот и корупција.
The post ОТКРИЕНА НОВА „МЕТАСТАЗА“ Повеќе од 50 лица преку лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×