Жител на тетовско Желино узурпирал дел од катастарска парцела во државна сопственост на тој начин што ја оградил со бетонски столбови, информираше Министерството за внатрешни работи. Парцелата, според соопштението на МВР, се наоѓа во близина на локалниот пат Еребино-Сиричино.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Б.(54) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, се вели во полицискиот билтен.
The post ОГРАДИЛ ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ СО БЕТОНСКИ СТОЛБОВИ Пријава за жител на Желино appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
