Нова авиолинија од Скопје до Ларнака објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил.
„На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31 октомври 2025 година започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар! Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати. Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија“, објави вицепремиерот Николоски.
The post ОД СКОПЈЕ ДИРЕКТНО НА ПЛАЖА ВО КИПАР Николоски најави нова авиолинија до Ларнака appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот