Три лица се уапсени, а над 100 килограми марихуана се запленети во голема полициска акција во Струмица, во која, според информациите, бил спречен обид за шверц на дрогата надвор од Македонија. Акцијата е резултат на темелна истрага и координација на струмичката полиција, а во неа биле разбиени организирани криминални структури поврзани со меѓународен канал за трговија со дрога.
– СВР Струмица разби меѓународен канал за трговија со дрога и заплени 100 килограми марихуана која беше превезувана, а целта беше да се извлече надвор од Македонија. Македонските граѓани можат да видат дека државата темелно се бори против нелегалната трговија со наркотици – изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот, кој лично ја посети Струмица по акцијата, ја пофали полицијата за брзата и прецизна реакција.
– Информиран сум од началникот на СВР Струмица дека ќе даде предлог за наградување на полицајците, а јас ќе прифатам и соодветно ќе ги наградиме. Тие покажаа исклучителна професионалност и храброст во една операција која наликуваше на сцени од филм – токму такво беше и апсењето на криминалците што ја транспортираа дрогата – додаде Тошковски.
Заплената е еден од најголемите удари врз нарко-пазарот во регионот во последните месеци. Возилото во кое се превезувала дрогата било лоцирано и блокирано на влез во Струмица, а при претресот било откриено дека целата количина била уредно спакувана за меѓународен транспорт. Против приведените лица ќе биде покрената кривична постапка за неовластено производство и промет со наркотични дроги.
ФИЛМСКО АПСЕЊЕ, ПАДНАА НАРКО-ДИЛЕРИ ВО СТРУМИЦА Пресечен е меѓународен канал за трговија со дрога
The post „НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ДРОГА“ Тошковски со силна порака по големата акција во Струмица appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот