Нова анкета за довербата во правосудството?

Дел од членовите на Судски совет избрани од Собранието сметаат дека е потребна сопствена анкета за да се провери довербата во правосудството. Не веруваат дека нивната работа ја поддржуваат само два отсто од граѓаните. Се сомневаат дека се злоупотребени од други институции.

„Ќе знаеме точно колку е довербата во судство, колку е довербата на судски совет и дефинитивно, да не се шпекулира со бројки, 2, 4, 11, 24. Тогаш ние ќе излеземе точно конкретно и може да кажуваме колку ни е процентот на доверба. Вака само слушаме од други институции што прават анкети и се прикажува само најлошото“, изјави Селим Адеми, Член на Судски совет.

Предлогот на Адеми не доби поддршка, зашто невладините кои ја следат работата на судовите, веќе спровеле таква анкета, а резултатите ќе ги објават утре. Неофицијално, анкетираните граѓани на судскиот систем му поклониле поголема доверба од досегашните два отсто.

Во меѓувреме, власта не се откажува од намерата за разрешување на членовите на Судски совет избрани од Собранието, меѓу кои и Адеми. Сепак, велат нема да прават ништо спротивно од законите и Уставот.

„Нелогично е тој што ги бира да не може да ги отповика, посебно во услови кога не им го прифаќаме извештајот за работењето. Тоа ќе биде една од мерките која што ќе ја преземеме  во борба на подобрување на работењето на судско-обвинителскиот систем во државата, бидејќи, сите ќе се сложите, тој е на екстремно ниско ниво од два процетни“, изјави Христијан Мицкоски, Премиер.

Најавата за разрешување дојде откако Собранието не го прифати извештајот за работа на телото кое се грижи за состојбите во судството. Првиот човек на Судски пак тврди дека постапките за разрешување може да се водат само во советот.  
 

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Новинар: 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×