Пентагон ги отфрли извештаите дека американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет споделил доверливи информации во врска со плановите за воени напади против јеменските бунтовници Хути на апликацијата за пораки Сигнал.
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ и Си-Ен-Ен објавија дека Хегсет споделил детали за нападот во март врз Хутите поддржани од Иран во групата „Сигнал“ во која биле неговата сопруга, неговиот брат и личниот адвокат.
Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, ја отфрли веродостојноста на извештаите на медиумите, истакнувајќи дека тие се засновани на „поплаки од незадоволни поранешни вработени“.
Високиот советник на Хегсет, Ден Колдвел и уште двајца функционери на Пентагон беа ставени на административно отсуство – практично суспендирани и беше објавено дека тие се под истрага за протекување информации.
-Медиумите кои го мразат Доналд Трамп продолжуваат да бидат опседнати со идејата да го уништат секој кој е посветен на извршување на агендата на претседателот. Немаше доверливи информации во ниеден разговор на Сигнал, без оглед на тоа на колку начини се обидоа да ја напишат оваа приказна. Она што е точно е дека канцеларијата на секретарот за одбрана продолжува да станува посилна и поефикасна во спроведувањето на агендата на претседателот Трамп – изјави Парнел.
The post НОВ СКАНДАЛ НА АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Воени тајни споделил со сопругата, Пентагон демантира appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
