Саудискиот државен нафтен гигант „Арамко“ објави профит од 26 милијарди долари во првиот квартал, што е намалување од 4,6% во однос на претходната година, што влијае на плановите за инвестирање на земјата.
Причина за ваквите резултати на компанијата е падот на глобалните цени на нафтата.
Дополнително падна и вредноста на акциите на овој нафтен гигант. Тие се тргуваа по нешто повеќе од 6 долари по акција, што е намалување од максимумот од 8 долари минатата година.
Објавувањето на резултатите од „Арамко“ доаѓа во време кога групата ОПЕК+ го зголеми производството на нафта. Нафтениот картел се согласи да го зголеми производството за 411.000 барели дневно од следниот месец, бидејќи неизвесноста предизвикана од американските тарифи ги погоди пазарите на Блискиот Исток.
Намалениот профит на „Арамко“ ќе влијае и на реализацијата на ветените инвестиции на Саудиска Арабија.
Престолонаследникот Мохамед бин Салман, развива проект вреден 500 милијарди долари за изградба на огромниот, футуристички град Неом во пустината покрај Црвеното Море.
Земјата вети инвестиции од САД од 600 милијарди долари за време на мандатот на Доналд Трамп, а на земјата ќе ѝ бидат потребни и нови стадиони и инфраструктура, кои сите ќе чинат десетици милијарди долари до 2034 година, кога Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал.
Ако продолжи да се намалува профитот на компанијата Саудиска Арабија ќе треба да ги обезбеди парите од други извори.
The post НАМАЛЕН ПРОФИТОТ НА НАФТЕНИОТ ГИГАНТ „АРАМКО“ Дали се доведени во прашање големите инвестиции во Саудиска Арабија? appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
