Триесет и петгодишна жена од Скопје со иницијали А.Б. вчера во 14 часот во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека истиот ден околу 13.50 часот во парк во населбата Ѓорче Петров непозната жена на возраст од 45 до 55 години се обидела да ја грабне нејзината 3-годишна ќерка.
„По примената пријава и преземените мерки во 16.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со лицето М.М.(46), а за настанот е информиран и надлежен јавен обивинител по чиишто насоки лицето М.М. било писмено предупредено“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Ја пренесуваме интегрално објавата на мајката на девојчето, која ја постави на социјалните мрежи, за, како што наведува, да ги предупреди родителите „да отворат 10 очи“.
„Предупредување до сите родители!!!
Вчера на лулашки во Ѓорче Петров моите родители беа со ќерка ми, додека си играле со неа, во меѓувреме повозрасна жена заедно со 13-14 годишно девојче се обиделе да украдат 3 годишно дете кое исто така било на игралиштето!
Среќа жената која била со детенцето во секунда почнала да вика и рипнала од клупата по женава која го држела за рака и пробала да се одалечи со 3 годишното девојче!
Жената почнала на слаб македонски јазик (со албански акцент) да се правда дека детето само ја фатило за рака и веднаш избегала заедно со тинејџерката која била со неа. Веднаш било повикано и полиција и се трага по жената!
ОЧИ ОТВОРЕНИ 10 СО ВАШИТЕ ДЕЦА, ОЧИГЛЕДНО ИМА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НИЗ СКОПЈЕВО КОЈА КРАДЕ ДЕЦА СРЕД БЕЛ ДЕН!!!“, напиша мајката.
Прочитајте ја целата статија од изворот