Македонската пијанистка Марија Николовска вечерва ќе одржи концерт во МЦ Галеријата во Њујорк на кој ќе изведе дела од Шопен, Шуберт како и македонските композитори Томислав Зографски и Властимир Николовски.
Марија Николовска дипломираше на ФМУ, а потоа образованието го продолжи во Бугарија на Националната Музикална Академија “Проф Панчо Владигеров” во Софија.
Настапот во Њујорк е помогнат од Министерството за култура на РСМ.