КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК Оставката на Папазов е депонирана, се чека амин од Владата

Досегашниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој по трагедијата во дискотеката „Пулс“ поднесе неотповиклива оставка, не успеа за приближно седум месеци да го заврши четиригодишниот мандат што го доби од граѓаните на Локалните избори во 2021 година.
Според членот 54 од Законот за локална самоуправа, по престанокот на мандатот на градоначалникот, членот на Советот на Општина Кочани што го заменува, во овој случај координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мирче Стојков, е должен за настанатата ситуација да го извести Министерството за локална самоуправа, кое пак понатаму, во рок од 15 дена, ја известува Владата.
Во Општината веќе тече законската постапка со која ќе треба да се избере в.д. градоначалник кој ќе раководи со нејзиното функционирање.
– Откако оставката од досегашниот градоначалник е депонирана во архивската служба на Општината, известено е Министерството за локална самоуправа, кое за тоа веќе ја информирало Владата. Според непотврдени информации, се очекува на владината седница во вторник да се разгледува дописот од Министерството и после тоа очекуваме претседателот на Советот на Општина Кочани да свика седница и да се потврди кој ќе биде в.д. градоначалник до локалните избори. Мојата функција е досегашната – советник во општината и немам депонирано потпис во Централен регистер, така што дискутабилно е дали можам да потпишувам документи. Ова е прв ваков случај, се работи за правен лавиринт со кој ниту една општина досега не се соочила, па има различни мислења меѓу правните експерти за валидноста на мојот потпис – истакнува Стојков.
Според законските одредби во рок од триесет дена од објавувањето на одлуката на Владата, Советот на Општина Кочани со мнозинство гласови од вкупниот број треба да избере еден од своите членови што ќе ја врши должноста. Избраниот в.д. градоначалник ќе остане на функцијата сѐ до изборот на нов на редовните локални избори, што треба да се одржат во октомври годинава.
The post КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИК Оставката на Папазов е депонирана, се чека амин од Владата appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×