Во средата во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници сопреле патничко моторно возило „бмв” со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм, на која се гледа дека возачот го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.
„Од страна на полициските службеници возилото е одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 14.03.2025 во Станица за технички преглед во Кавадарци извршено е мерење на бучава и утврдена е бучава над дозволената. Согласно член 344 став 3 од ЗБСП, возилото бмв е привремено одземено на период од 90 дена“, наведено е во соопштението.
The post КАВАДАРЧАНЕЦ ОСТАНА БЕЗ СВОЈОТ БУЧЕН АВТОМОБИЛ, ПОЛИЦИЈАТА МУ ГО ОДЗЕДЕ Внимавајте какви видеа објавувате на Инстаграм appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
