Корупцијата и судството се главната кочница за економскиот раст во земјава..Експертите не се изненадени од извештајот на Светска банка, според кој нашата економија е најслаба во регионот. Растот на БДП оваа година ќе биде само 1,8%, наспроти пролетните проекции од 2,5 процентен раст. Причините, според банката за слбите бројки се нереализација на Коридорите 8 и 10Д.
– Ваквиот извештај треба да не загрижува, затоа што покажува лоша инвестициска клима во земјава и го нарушува имиџот во светски рамки. Не би рекол дека само заради неизгрдба на КОридорите 8 и 10Д, туку од Светска банак се свесни за високата корупција , високата нестабилност во судскиот систем и големиот криминал кој е поврзан со прокетот Бехтел и Енка, изјави Синиша Пекевски, универзитетски професор.
Премиерот пак е оптимист. Растот ќе биде поголем од проекциите на Свестка банка
– До крајот на годната кај очекувам растот да биде 2,2 – 2,5, па може и 3 отсто, изјави Христијан Мицкоски, премиер.
За унгарскиот кредит од половина милијарда евра, од банката велат дека е поволен, но загрижува што ќе го зголеми јавниот долг на 63,5 отсто и високиот фискален дефицит од 4,9 отсто.
– Ризикот во моментов е доста голем и е дирекно поврзан со фискалната состојба што значи високи дефицит односно продолжениот период на висок дефицит и релативно големото ниво на долг и тоа е особено случај кога ќе ја споредите Северна Македонија со другите земји во регионот. Иако, пред 6 до 7 години земјава беше релативно малку задолжена со релативно стабилни финансии ова веќе не е случај, додава Шујстер., од Светска банка.
Корупцијата, образованието и здравството се клучните проблеми и причина за иселување, пишува во Извештајот. Затоа сугерираат Владата да се фокусира токму на овие сектори. Инаку, од земјите од регионот најголем раст се очекува да имаат Србија и Косово – 3,8, зад нив е Црна Гора Албанија и Босна.