Во Скопје денеска на булеварот „Партизански Одреди“ кај Универзална сала започна протест под мотото „Кој е следен?”.
Протестот е реакција на случајот со Фросина Кулакова и инцидентите со неконтролирано возење и неказнување, кои резултираат со трагични последици.На протестот беа присутни и членови на семејството на Фросина Кулакова.
Исто така протест денеска се одржа и во Кавадарци.