Охриѓанец заврши во болница откако проголта пакување со дрога кога го запрела полицијата.
Полицијата соопшти дека синоќа на крсносницата на улиците Кленоец и Железничка во Охрид, го уапсила М.Ј.(30) од Охрид и го однела во болница.
-Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење – информира полицијата.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Прочитајте ја целата статија од изворот
