Во третото коло од квалификации за СП 2026 Македонија ремизираше со Белгија со резултат од 1:1.
Де Кујпер во 28′ минута погоди за водство на Белгија од 0:1, додека пак Алиоски во 86′ минутата го постигна израмнувачкиот гол за македонската репрезентација.
Претходно гол за Македонија постигна и Елмас но беше поништен поради минимален офсајд.
По овој резултат Македонија се наоѓа на второто место во групата со 5 освоени бода по Велс кој по три одиграни кола има 7 бода. Следуваат Казахстан со 3 бода и две одиграни средби, Белгија со 1 бод со една одиграна средба и Лихтенштајн со 0 бодови и три одиграни средби.
Следниот натпревар Македонија ќе го има веќе во понеделник против репрезентацијата на Казахстан