Двајца скопјани се лишени од слобода откако со сила одзеле накит од 74-годишна жена на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, а полицијата реагирала во рок од два часа и го пронашла украденото.
Според соопштеното од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 13:05 часот. Напаѓачите употребиле физичка сила.
Полицијата ги уапсила осомничените околу 15:30 часот. Станува збор за лицата А.М. и А.С. на возраст од 39 и 28 години.
Одземениот накит е пронајден. Ќе биде вратен на сопственичката.
The post Ѝ ГО ОТКИНАЛЕ ЃЕРДАНОТ КАЈ МОСТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Полицијата ги фати крадците за два часа appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот