Две сообраќајни незгоди предизвикал 26-годишен скопјанец во подрачјето на населбата Карпош, којшто синоќа одбил да застане на даден знак од полициските службеници, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Момчето со иницијали К.Ј., управувајќи автомобил „фиат пунто“, синоќа по полноќ, бегајќи од полицијата, удрило во 2 автомобила, управувани од 26-годишен и од 23-годишен возач, а возачите се полесно повредени. Во инцидентот е повредена и неговата сопатничка од Скопје.
К.Ј. не застанал по првиот судир и продолжил да вози, по што удрил во автомобил „дачија“ и направил материјална штета. Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило, била пронајдена и одземена марихуана, велат од полицијата.
По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Прочитајте ја целата статија од изворот