Дали судијката Даниела Алексовска Стојановска ја финансирала партијата СДСМ или партијата ја поткупувала неа со кирија додека беше на власт, праша денеска пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
– И Венко Филипче како претседател на СДСМ и Даниела Алексовска Стојановска треба да кажат како е уреден односот за користење на деловен простор во нејзината семејна куќа во Ранковце од страна на СДСМ? Дали СДСМ плаќал на судијката кирија за закуп и колку? Дали киријата ја плаќале на сметка или во готовина? Доколку СДСМ не плаќал за изнајмување на простор, дали пријавил донација од страна на судијката во форма на отстапување на деловен простор без надоместок? – праша Лефков.
Додека СДСМ и Даниела Алексовска Стојановска смислуваат одговор, додаде тој, Судскиот совет да донесе одлука за разрешување на судијката која наркодилер наместо во затвор, го испрати во поправен дом.
– Судскиот совет не може да се прави дека не ги гледа аргументите. Која и ситуација од погоре поставените да е вистина, Даниела Алексовска Стојановска само поради тоа не смее да биде повеќе судијка. Одговорност мора да има – вели Лефков.
Прочитајте ја целата статија од изворот