Шефот на ДОГЕ, Илон Маск, ја коментираше војната во Украина, тврдејќи дека украинската армија ќе пропадне без неговиот систем „Старлинк“ и дека се залага за итен прекин на конфликтот, објави Киев индепендент.
„Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден околу Украина, а мојот систем ‘Старлинк’ е столбот на украинската војска. Целата нивна линија на фронтот ќе колабира ако го исклучам“, напиша Маск на неговата социјална мрежа Икс.
Маск истакна дека е ужаснат од годините на крвопролевање во војна во која Украина на крајот нема да може да победи.
Маск нагласи дека секој што навистина се грижи, размислува и ја разбира ситуацијата треба да бара крај на војната.
„Секој кој навистина се грижи, навистина мисли и навистина разбира, сака да престане оваа мелница за месо. Mир Сега!“, напиша тој на Икс.
РУБИО И МАСК НЕ СЕ СКАРАА, СУПЕР ИМ ОДИ Трамп ги оспори тврдењата за кавгата меѓу државниот секретар и шефот на ДОГЕ
