Category: News

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека војската на САД започнала процес на расчистување на Ормуската Теснина и дека сите ирански бродови наменети за поставување мини се потопени.

„Сега го започнуваме процесот на расчистување на Ормуската Теснина“, напиша Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека сите 28 ирански бродови за поставување мини веќе се наоѓаат на морското дно.

Трамп во неколку наврати изјави дека американските сили ги уништиле иранските морнарички и воздухопловни капацитети, истовремено нанесувајќи тешки удари врз нуклеарната и програмата за балистички ракети на Техеран. Стравувањата од ирански напади врз трговските бродови во изминатите неколку недели практично ја затворија Ормуската Теснина, која е критичен канал за светско снабдување со нафта, што пак предизвика сериозни потреси на глобалните енергетски пазари.

Read More

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение

Read More

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО

Во источниот дел на државата, во околината на Пробиштип, се развива иницијатива која има потенцијал да го стави регионот на светската мапа на природно наследство. Станува збор за идејата за формирање на геопарк „Лесново“ проект кој ги обединува природните, геолошките и културните богатства на овој простор. Овој регион е познат по своето вулканско потекло. Впечатливите карпести формации, пештери и остатоци од древни вулкански активности сведочат за богатата геолошка историја, што го прави исклучително атрактивен за научници, туристи и љубители на природата. Во рамки на иницијативата, се работи на валоризација и заштита на локалитетите, со цел подрачјето да стане дел од мрежата на геопаркови под покровителство на УНЕСКО.

  • Се надевам дека ќе наидеме на поддршка од општините од Источниот плански регион, Бирото за рамномерен регионален развој, локалната самоуправа, па и Владата, бидејќи ова е едно специфично вулканско подрачје кое ќе претставува место каде што ќе можат сите заинтересирани посетители за овој тип на туризам, да видат како изгледа еден кратер и кои се убавините на овој лесновски регион, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.

Доколку оваа цел се реализира, тоа би бил првиот геопарк од ваков вид во земјава. Манастирот во Лесново, природните пештери и уникатните пејзажи нудат можност за развој на туризмот и локалната економија.

  • Тука се вулканските „бомби“, пештерите во самиот лесновски кратер во близина на манастирот. Има многу содржини од геолошки аспект кои сите заинтересирани ќе можат да дојдат и да ги видат, а ние како регион ќе се гордееме со тоа, додаде Тоневски

Очекувањата се дека со понатамошна поддршка и инвестиции, овој дел од земјата ќе прерасне во значајна туристичка и едукативна дестинација, која ќе го афирмира природното наследство на Македонија и надвор од нејзините граници.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика сабота – денот на тишината и исчекувањето пред најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение.

Верниците го поминуваат денот во молитва и подготовка за полноќната богослужба кога ќе биде објавена радосната вест за Велигден.

Во Ерусалим, во црквата на светиот гроб, веќе слезе благодатниот оган- симбол на Христовото Воскресение и вечната светлина.

Огнот потоа се пренесува во повеќе православни земји, каде верниците го примаат како благослов во пресрет на Велигден.

Камбаните ќе се огласат на полноќ, кога со поздравот Христос воскресна ќе започне прославата на празникот, кој верниците го дочекуваат во храмовите и во кругот на семејството.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Сиљановска – Давкова: Чинот на вапцање не е само обичај, туку и момент на семејна блискост и духовна подготовка за најголемиот христијански празник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод претстојниот христијански празник Велигден истакна дека чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност. -Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува. Чинот на вапцање е не […]

Source

Read More

Папин: Брисел не го сака Орбан зашто Унгарија е успешна и зашто тој не ја сака војната во Украина

Американскиот надворешно – политички експерт Гладин Папин се смета за еден од клучните луѓе во градењето на односите меѓу Унгарија и администрацијата на претседателот Трамп во САД. Папин, кој е директор на унгарскиот Институт за меѓународни прашања, ги изложи своите погледи кон изборите во Унгарија, за обидите на ЕУ да и помогнат на унгарската опозиција […]

Source

Read More

Се продлабочува соработката помеѓу општините Делчево и Монфорте

Делагација на Општина Делчево е во посета на иселениците во Италија, каде денеска беше остварена плодна и конструктивна средба помеѓу градоначалницитет на Делчево, Иван Гоцевски, и на Монфорте д’Алба, Италија, Ливио Џенезио, при што беа поставени темелите за продлабочување на меѓуопштинската соработка. Како што информира градоначалникот Гоцевски на неговиот фб профил, средбата претставува значаен чекор […]

Source

Read More

Mицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на ДДВ и акциза и најниски цени на горивата во регионот

Почитувани претставници на медиумите,Почитувани граѓани, Се извинувам за денешното мое обраќање, во предвечерието на големиот празник, но чуствувам обврска и одговорност да ја запознаам јавноста. Како Влада, континуирано дека ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи и пресметки со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. […]

Source

Read More

Вреди: Со законот за правична застапеност првпат се воспоставува ред за сите, без закон ДУИ манипулираше

Правичната и соодветната застапеност е уставен принцип, но четвртина век никогаш не станал закон. Имавме крпеници и ништо друго. Без закон, ДУИ полесно манипулираше. Без закон, полесно беше да се држи Албанецот како заложник со измама –  вели Астрит Илјази од Вреди во изјава што МИА ја објавува интегрално.  И Албанецот го видел сето тоа. […]

Source

Read More