Category: News

ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет

На територијата на државата денеска до 18:30 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  

Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов  нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и два пожари во ниска вегетација во село Романце, во Општина Куманово и село Таринци, во Општина Карбинци.

Изгаснати, како што информира ЦУК, се вкупно 17 пожари – во село Врањовци во општина Врапчиште, каде што е опожарена ниска вегетација и ѓубриште, во село Лојане, општина Липково, каде била зафатена  ниска вегетација и стрниште, површина посеана со жито и ниска вегетација во село Радање во општина Карбинци и изгаснат пожар во село Орланци во општина Арачиново каде е опожарена ниска вегетација и отпаден материјал. Ниска вегетација изгасната е во месноста викана „Сливница“ во Општина Берово, во кочанското село Прибачево, во Општина Пробиштип, во ресенско с. Грнчари, велешко с. Ново Село, како и во населба Волково, во Општина Ѓорче Петров и село Мојане, во Општина Арачиново. Ѓубриште (депонија) изгаснати се во прилерпско с. Канатларци, две во село Визбегово, во Општина Шуто Оризари, во населба Стопански Двор, во Општина Ѓорче Петров и во село Јурумлери, во Општина Гази Баба. 

Read More

Тошковски: Постапуваме за дивоградбите, имаме наредба од ЈО, резултати наскоро ќе бидат видливи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува.

Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот.

-За разлика од претходно, сега МВР покажува дека можело да има неселективна и бескомпромисна борба спрема секој еден кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа, со постапувањето против врховни судии, член на обезбедување на премиер, актуелни директори, министри, директори на институции кои што злоупотребувале буџет, актуелни, поранешни, и градоначалници. Мислам дека македонскиот народ конечно гледа разлика како се постапувало и како треба, го гледа тоа, го чувствува – рече Тошковски, во одговор на новинарско прашање.

Ниеден предмет во интерес на јавноста, посочи, нема да биде оставен под знак прашалник.

– Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има, и постапуваме, и ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниеден конкретен предмет во интерес на јавноста, во однос на сите ќе постапуваме така како што и прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно не сме европјани само декларативно, тоа го покажуваме со дела – подвлече министерот Тошковски, додавајќи дека сепак, ова не е „боцни прачка, пиј вино“.

-Ве уверувам дека како и за сите предмети, нема да оставиме под знак прашање ниту еден предмет, ќе постапиме како во секоја европска држава, рече Тошковски

Во однос на тоа дали е утврден случај на дивоградба во Чаир рече дека не знае, но увери дека се постапува и оти резултатите ќе се видат наскоро.

Read More

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во извештајот од 18:00 часот. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Симеонов: За само една година направивме важни чекори кон подобар здравствен систем

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Симеонов вечерва од Сопиште истакна дека се борат на меѓународен план за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. -Ја градиме инфраструктурата. Испорачавме за една година инфраструктура во патишта, која што никогаш не била изградена од самото осамостојување на Македонија. Одиме напред во економијата, во финансиите, во локалната самоуправа, во образованието, […]

Source

Read More

Андоновска: Пустошот кој го наследивме, нѐ охрабри уште повеќе да работиме за да ги изградиме промените

Во изминатава година дена премиерот, Владата и сите оние кои што ги водат институциите, се соочија со низа предизвици. На сите ни е доволно јасно, во каква состојба ги наследивме институциите и што затекнавме. Она што можам да го кажам е дека истото не не поколеба, туку напротив претставуваше мотив да продолжиме уште посилно и […]

Source

Read More

Изгаснат пожарот во Самоков, од ЦУК велат немало опасност од ширење кон објектите на фабриката

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. -Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, посочуваат од ЦУК. Што точно е опожарено засега нема подетални информации. Претходно Регионалниот центар за управување со кризи Охрид информираше за пожар во магацински простор […]

Source

Read More

Пецаков: Во првата година од новата Влада покажавме во каква Македонија сакаме да живееме, со многу проекти во интерес за граѓаните

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков денеска оствари средба со охриѓани. Пецаков истакна дека доаѓа времето на Македонија, а помината е една гдодина од поставување темели во инфраструктурата и реализирање на повеќе инфраструктурни проекти кои што во минатото беа отпочнати, но и отпочнување на нови проекти коишто се од суштинско значење на граѓаните. -Во […]

Source

Read More

Изгаснат е пожарот кај штипското село Таринци

Изгаснат е пожарот што попладнето беснееше во атарот на штипското село Таринци. Од огнот е спасена свињарска фарма која се наоѓа во близина на местото каде што се запали сува трева. На терен биле шест пожарникари со две противпожарни возила, изјави за „Алфа“ командирот на штипската противпожарна служба, Благој Ренџов. Пожарот избувнал околу 16:30 часот […]

Source

Read More

РЕКАТА СЕНА ВО ПАРИЗ ОТВОРЕНА ЗА ПЛИВАЊЕ ЗА ПРВПАТ ПО 102 ГОДИНИ

Реката Сена во Париз е повторно отворена за пливање, за првпат од 1923. Ова се смета за клучно наследство на […]

The post РЕКАТА СЕНА ВО ПАРИЗ ОТВОРЕНА ЗА ПЛИВАЊЕ ЗА ПРВПАТ ПО 102 ГОДИНИ appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More