Category: News
Женската фудбалска репрезентација на Иран предизвика силни реакции на Азискиот куп во Австралија. На првиот натпревар против Тајван пред 6 дена тие одбија да ја пеат националната химна. Многумина тоа го сфатија како знак на протест, а некои ги означија и како „предавнички на својата нација“. Во следните два натпревар против Мјанмар и против Филипините […]
Read More
Од втората половина на годината ќе почне да се наплаќа влез за туристите во светски познатата Келнска катедрала. Средствата ќе […]
The post КЕЛНСКАТА КАТЕДРАЛА ЌЕ НАПЛАЌА ВЛЕЗ ЗА ТУРИСТИТЕ appeared first on Сакам Да Кажам.

Состанок на групата Г7, организиран од Франција, ќе биде одржан утре за „проценка на ситуацијата во Персискиот Залив“, соопшти француското Министерство за економија и финансии.
– Овој состанок е специјално организиран како одговор на настаните од последните денови и ќе биде можност за проценка на ситуацијата во Заливот од економска перспектива, се додава во соопштението.
Со состанокот што ќе се одвива преку видеоконференциска врска ќе претседава францускиот министер за економија и финансии Роланд Лескир, кој ќе биде во Брисел на состанок на Еврогрупата. Ќе учествуваат министрите за економија и финансии и претставници на централните банки на земјите од Г7 – САД, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија и Италија.
МИА

