Category: News

ПУТИН И СИ ЏИНПИНГ УДРИЈА ПО САД Двајцата лидери ги критикуваа НАТО и санкциите, обвинувајќи за глобална нестабилност

Одредени земји се обидуваат да ги искриват резултатите од победата во Втората светска војна, порачаа претседателот на Кина, Си Џинпинг, и претседателот на Русија, Владимир Путин. Си Џинпинг е во посета на Москва по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, која Русија ја одбележува денеска како Ден на победата. Ова е единаесетта посета […]

Read More

ЈА ГАЃАЛ СОПРУГАТА СО ВАЗНА И Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ, А СЕГА ЌЕ ОДГОВАРА Обвинителството го гони за насилство, му го одзеде пасошот и му забрани да мрдне од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за две кривични дла, Насилство од член 386 и Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик. „Осомничениот на 5 мај ја загрозил сигурноста на својата сопруга, така што при вербална расправија пред нивните две малолетни деца почнал да ѝ се заканува, по што зел […]

Read More

АКО НЕ СЕ СМИРИМЕ СО ПРИРОДАТА ЌЕ СЕ САМОУБИЕМЕ Генералка викенд да прерасне во генералка од 365 дена

Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од 365 дена, порача денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова на почетокот на тридневната национална акција за чистење отпад „Генералка викенд“. Акцијата почна кај римскиот аквадукт во Скопје. Забележувајќи дека треба да ја заштитиме природата, претседателката им предочи на надлежните дека просторот […]

Read More

ЦЕНАТА НА БИТКОИНОТ НАДMИНА 103.000 ДОЛАРИ Кои се причините за растот?

Цената на биткоинот скокна над 100.000 долари за прв пат од февруари, откако беше објавен трговскиот договор меѓу САД и Велика Британија во кој има одредби за соработка во доменот на дигиталните средства и како резултат на  одлуката за создавање резерви на биткоин во некои американски држави. Според податоците од CoinMarketCap, цената на биткоинот моментално […]

Read More

ИЛИ 30 ДЕНА МИР ИЛИ САНКЦИИ ЗА МОСКВА Трамп испрати порака во очи на Денот на победата

Американскиот претседател Доналд Трамп часови пред почетокот на парадата за Денот на победата во Москва на 9 мајповика на 30-дневен безусловно примирје и рече дека разговорите со Русија и Украина продолжуваат. „САД, под идеални услови, повикуваат на 30-дневен безусловен прекин на огнот. Се надеваме дека ќе се почитува прифатлив прекин на огнот и дека двете […]

Read More

Доналд Трамп откри дали високите царини ќе влијаат на франшизата за Џејмс Бонд

ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР Доналд Трамп откри дали високите царини ќе влијаат на франшизата за Џејмс Бонд – Во Центар НасловнаСветДоналд Трамп откри дали високите царини ќе влијаат на франшизата за Џејмс Бонд You cannot print contents of this website.

Read More

Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред десетици илјади собрани верници го одржа својот прв говор по изборот.

„Мир со сите вас“, беа првите зборови на 69-годишниот папа, роден во Чикаго, кој зборуваше на италијански јазик. „Браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос. Сакам да упатам поздрав на мирот што стигнува до вашите семејства, до сите вас, каде и да сте. Нека мирот биде со вас“, рече тој, предизвикувајќи бурен аплауз и радосни извици од толпата.

Папата Лав XIV ја продолжи својата порака со повик за љубов и заедништво, нагласувајќи: „Бог нè сака сите, безусловно“. Тој му оддаде почит на својот претходник, папата Франциск, и изрази желба да го следи неговиот пример, давајќи благослов на верниците на плоштадот „Свети Петар“.

– На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов. Помогнете ни, и да си помагаме едни на други, да градиме мостови, порача новиот папа.

Тој им се заблагодари на кардиналите што го избрале на дводневната конклава и упати посебен поздрав до Црквата во Рим.

На шпански јазик, Лав XIV се обрати и на својата поранешна бискупија во Перу, каде што, како што рече, „верниот народ ја споделуваше својата вера и даде многу“.

На крајот од говорот, папата ги повика верниците заедно да ѝ се помолат на Дева Марија, по што плоштадот повторно се исполни со воодушевување. Тој прочита извадок од светите текстови на латински јазик во чест на светците и Богородица, а потоа уште еднаш ги благослови собраните. Додека оркестарот на карабинерите свиреше во позадина, папата Лав XIV мавна на мноштвото што го исполни плоштадот, каде што продолжи прославата.

Read More

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV.

– Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност, но и продолжение на традицијата на мир, солидарност и грижа за секој човек, наведува Мицкоски во честитката објавена неговиот Фејсбук профил.

Тој од името на Владата и во негово име, упатува честитки до сите католици, а особено до членовите на македонската католичка заедница, кои, како што посочува, со својата вера, култура и граѓанска посветеност придонесуваат за духовната разноликост и општественото богатство на нашата татковина.

– Нека мандатот на Папата Лав XIV биде воден од мудроста на неговите претходници, од гласот на обесправените и од надежта на новите генерации. Во време на глобални предизвици, неговата порака за мир, дијалог и човечко достоинство добива уште поголемо значење, пишува премиерот Мицкоски

Read More

Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност

Заканите на социјалните мрежи секојдневие, но Македонија се уште без закон за сајбер безбедност. Единствена во регионот.

Статистката на Министертвото за внатрешни работи покажува дека на нивна адреса во 2024 година, 41 лице се охрабрило да пријави дека добива закани на некоја интернет платформа. А оваа година, заклучно со месец април, помош од институциите за вакви закани побарале 11 граѓани.

Првиот човек на министерството за дигитална трансформација за Сител вели дека законот за сајбер безбедност е во финална фаза. Очекува, пред јуни да влезе во Собрание, а народните избраници ќе имаат време од еден месец да го донесат истиот, бидејќи овој закон е дел од реформската агенда. 

„Тој ќе отклучи 10 милиони евра од ЕУ за проекти за инвестиции и за реформи, така што тој закон е значаен од тој аспект, а второ дека ќе ја регулира одговорноста на институциите за хибридни закани за превентива, градење на институционален капацитет за превентива и за одговор на сајбер инциденти“, изјави за Сител Стефан Андоновски, министер за дигитална трасформација.

Додека не се изготви правната рамка, која ќе биде во согласност со европската регулатива, државата ќе има потешкотии да ги спречи сајбер заканите, и за тие што доаѓаат одвнатре, и за оние од надвор.

Стефан Андоновски, министер за дигитална трасформација

Инсититуциите кај нас, ќе имаат рок од максимум три ипол години да почнат да функционираат согласно правилата на европската легислатива. 

Лажните дојави за бомби и годинава ги испразнија училиштата во Македонија. Последниот случај којшто ги вознемири родителите и децата беше на 8 април, а голема паника се создаде и во средината на февруари каде беа евакуирани 240 училишта низ државата.  

Во 2023 имало близу 600 пријави.

Во последните три месеца од 2022 година полицијата има евидентирано 380 пријави за поставени бомби. Најголем дел од заканите биле за средни и основни училишта во Скопје. 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More