Category: News

Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав XIV, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и пред десетици илјади собрани верници го одржа својот прв говор по изборот.

„Мир со сите вас“, беа првите зборови на 69-годишниот папа, роден во Чикаго, кој зборуваше на италијански јазик. „Браќа и сестри, ова е првиот поздрав на воскреснатиот Христос. Сакам да упатам поздрав на мирот што стигнува до вашите семејства, до сите вас, каде и да сте. Нека мирот биде со вас“, рече тој, предизвикувајќи бурен аплауз и радосни извици од толпата.

Папата Лав XIV ја продолжи својата порака со повик за љубов и заедништво, нагласувајќи: „Бог нè сака сите, безусловно“. Тој му оддаде почит на својот претходник, папата Франциск, и изрази желба да го следи неговиот пример, давајќи благослов на верниците на плоштадот „Свети Петар“.

– На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов. Помогнете ни, и да си помагаме едни на други, да градиме мостови, порача новиот папа.

Тој им се заблагодари на кардиналите што го избрале на дводневната конклава и упати посебен поздрав до Црквата во Рим.

На шпански јазик, Лав XIV се обрати и на својата поранешна бискупија во Перу, каде што, како што рече, „верниот народ ја споделуваше својата вера и даде многу“.

На крајот од говорот, папата ги повика верниците заедно да ѝ се помолат на Дева Марија, по што плоштадот повторно се исполни со воодушевување. Тој прочита извадок од светите текстови на латински јазик во чест на светците и Богородица, а потоа уште еднаш ги благослови собраните. Додека оркестарот на карабинерите свиреше во позадина, папата Лав XIV мавна на мноштвото што го исполни плоштадот, каде што продолжи прославата.

Read More

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV.

– Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност, но и продолжение на традицијата на мир, солидарност и грижа за секој човек, наведува Мицкоски во честитката објавена неговиот Фејсбук профил.

Тој од името на Владата и во негово име, упатува честитки до сите католици, а особено до членовите на македонската католичка заедница, кои, како што посочува, со својата вера, култура и граѓанска посветеност придонесуваат за духовната разноликост и општественото богатство на нашата татковина.

– Нека мандатот на Папата Лав XIV биде воден од мудроста на неговите претходници, од гласот на обесправените и од надежта на новите генерации. Во време на глобални предизвици, неговата порака за мир, дијалог и човечко достоинство добива уште поголемо значење, пишува премиерот Мицкоски

Read More

Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност

Заканите на социјалните мрежи секојдневие, но Македонија се уште без закон за сајбер безбедност. Единствена во регионот.

Статистката на Министертвото за внатрешни работи покажува дека на нивна адреса во 2024 година, 41 лице се охрабрило да пријави дека добива закани на некоја интернет платформа. А оваа година, заклучно со месец април, помош од институциите за вакви закани побарале 11 граѓани.

Првиот човек на министерството за дигитална трансформација за Сител вели дека законот за сајбер безбедност е во финална фаза. Очекува, пред јуни да влезе во Собрание, а народните избраници ќе имаат време од еден месец да го донесат истиот, бидејќи овој закон е дел од реформската агенда. 

„Тој ќе отклучи 10 милиони евра од ЕУ за проекти за инвестиции и за реформи, така што тој закон е значаен од тој аспект, а второ дека ќе ја регулира одговорноста на институциите за хибридни закани за превентива, градење на институционален капацитет за превентива и за одговор на сајбер инциденти“, изјави за Сител Стефан Андоновски, министер за дигитална трасформација.

Додека не се изготви правната рамка, која ќе биде во согласност со европската регулатива, државата ќе има потешкотии да ги спречи сајбер заканите, и за тие што доаѓаат одвнатре, и за оние од надвор.

Стефан Андоновски, министер за дигитална трасформација

Инсититуциите кај нас, ќе имаат рок од максимум три ипол години да почнат да функционираат согласно правилата на европската легислатива. 

Лажните дојави за бомби и годинава ги испразнија училиштата во Македонија. Последниот случај којшто ги вознемири родителите и децата беше на 8 април, а голема паника се создаде и во средината на февруари каде беа евакуирани 240 училишта низ државата.  

Во 2023 имало близу 600 пријави.

Во последните три месеца од 2022 година полицијата има евидентирано 380 пријави за поставени бомби. Најголем дел од заканите биле за средни и основни училишта во Скопје. 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

ФОТО: Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено вечерва во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало. Според информациите на МИА, во штипската полиција вечерва околу 21: 30 часот е пријавено пукање во угостителски објект. Притоа е повредено едно лице кое е пренесено во штипската […]

Source

Read More

Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск

Бел чад се појави над Систинската капела, сигнализирајќи му на светот дека таинствениот конклав го избрал наследникот на папата Франциск. 

Откако беа пребројани гласовите и стана јасно дека новиот папа е избран, гласачките ливчиња беа изгорени и беше додадена посебна хемикалија за да се создаде бел чад, додека ѕвоната на црквата „Свети Петар“ беа занишани за да се известат воодушевените верници.

Милиони лица сега го чекаат објавувањето на новиот поглавар на Католичката црква по одлуката донесена од 133 кардинали кои се собраа во Систинската капела за историското гласање.

Кардиналите конечно успеаја да се договорат, односно да изберат нов папа со двотретинско мнозинство кој ќе предводи 1,4 милијарда католици.

Илјадници граѓани претходно денеска чекаа да биде избран наследникот на Франциск. 

-Нема да си заминеме додека нема бел чад, нов Папа. Затоа дојдовме од Мексико.

-Помалку сум разорачаран, но ова беше очекувано. Сепак сме се уште на вториот ден.

-Да, дојдовме специјално за тоа. Беше изненадно патување, но тука сме. Затоа дојдовме, да видиме кој ќе биде новиот Папа.

133 кардинали од 70 држави и  помлади од 80 години учествуваа на конклавата во Систинската капела. За да се избере нов Папа потребни се 89 гласови. 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесувале 4.771,2 милиони евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,3%), по што следуваат монетарното злато (13,4%) и валутите и депозитите (11,2%)

Read More

Честитка од Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. – Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време […]

Source

Read More

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, во своето последно интервју говореше за претстојните локални избори и ги прецизираше критериумите и филтрите кои кандидатите за градоначалници треба да ги исполнат. Томовски додаде дека бројот на општини каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт, не само што ќе […]

Source

Read More

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во последното интервју се осврна на посветеноста на Владата и ги коментираше темите за комплексот Македонско село, кое е обележје на македонскиот идентитет и автентичноста на македонската култура и архитектура, за развојот на руралниот туризам, како и транспарентноста и заштита на државните ресурси од злоупотреба. Томовски посочи дека Македонско село […]

Source

Read More

Американецот Роберт Превост е избран за нов папа

Шеесет и девет годишниот Американец Роберт Францист Превост, е избран за 267 папа. Пред појавувањето на балконот на базиликата „Свети Петар“ новиот папа се подготви избирајќи го своето папско име Лео 14ти кое често укажува на насоката на неговото идно раководење. „Имаме Папа!“, изјави Доминик Мамберти – кардинал протоѓакон На плоштадот „Свети Петар“,верници од целиот […]

Source

Read More