Category: News

Иран бара по 1 долар за барел платен во крипто за поминување низ Ормускиот теснец

  Иран ќе бара од бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец да платат криптовалутен еквивалент од 1 долар за барел нафта на бродот за време на двонеделното примирје со САД, изјави клучна личност за „Фајненшел тајмс“. Хамид Хосеини, портпарол на иранското Здружение на извозници на нафта, гас и петрохемиски производи, кој соработува со иранската влада, …

Иран бара по 1 долар за барел платен во крипто за поминување низ Ормускиот теснец Read More »

The post Иран бара по 1 долар за барел платен во крипто за поминување низ Ормускиот теснец appeared first on Независен Весник.

Read More

Имало ли инсајдерски информации: Пред прекинот на огнот, се обложиле со 950 милиони долари дека нафтата ќе поевтини

Непознати инвеститори вложиле околу 950 милиони долари во облог за пад на цените на нафтата, само неколку часа пред САД и Иран да го објават привремениот прекин на огнот. Овој потег повторно ги отвори прашањата за тајмингот на големите трговски позиции на енергетските пазари и можното поседување инсајдерски информации, пишува Ројтерс, пренесува Индекс. Според податоците …

Имало ли инсајдерски информации: Пред прекинот на огнот, се обложиле со 950 милиони долари дека нафтата ќе поевтини Read More »

The post Имало ли инсајдерски информации: Пред прекинот на огнот, се обложиле со 950 милиони долари дека нафтата ќе поевтини appeared first on Независен Весник.

Read More

Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска

Советот на јавни обвинители ја прифати оставката на Ленче Ристоска.. Повлекувањето било по сопствено барање, па како што вели претседателот на советот,  причините за оставката не се дискутираат на седница..

Согласно закон, ние не разговараме за причините, тоа е нејзина желба. Согласно закон има право во секое време и секој обвинител, не само таа, да поднесе барање за повлекување. Ние само констатираме“, изјави Башким Бесими, Претседател на Совет на јавни обвинители.

Пред да поднесе оставка, на Ристоска и беше одземено овластувањето да го води предметот Талир, а Советот на јавни обвинители и ја отфрли претставката за напад врз нејзиниот интегритет.. Републичкиот обвинител, по денешната седница на Советот на јавни обвинители, не кажа кој обвинител добил овластување да ги застапува предметите на Ристоска..

Значи имиња на обвинители сакате? Па што се важни имињата, нели секогаш кажувам дека никогаш немој да врзувате обвинител и предмет. Погрешно е да се врзуваат предметите со конкретни персонални решенија, односно конкретни обвинители“, изјави, Ненад Савески, Републички јавен обвинител.

Минатата недела Ристоска го напушти обвинителството.. Во оставката наведе дека одземањето на овластувањата за предметите од поранешното СЈО ја ослабувале позицијата на јавното обвинителство.. Републичкиот обивнител Савески пак појасни дека одлуката е организациска со цел за зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство.. 

  

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД

Со заедничка изјава, потпишана од заменик-државниот секретар Кристофер Ландау и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, заврши вториот Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Во изјавата, која ја објавија и македонското МНР и американскиот Стејт департмент, се реафирмираат партнерските односи меѓу двете држави, како и определбата за понатамошна соработка во клучните области: евроатлантска интеграција, одбрана, енергетика и економија.

– „Со заедничката изјава се реафирмира заедничката определба за натамошно продлабочување на стратешкото партнерство и унапредување на мирот, безбедноста и економскиот просперитет. Стратешкиот дијалог го продлабочи партнерството меѓу САД и Северна Македонија и ги зајакна заедничките цели за унапредување на мирот, безбедноста и просперитетот. Тој претставува значаен исчекор во зацврстувањето на трансатлантските врски и ја потврдува улогата на Северна Македонија како кредибилен сојузник и партнер на Соединетите Американски Држави“, информираат од МНР.

Освен веќе познатите теми, отворена е и темата за олеснување на визниот режим за македонските граѓани и полесен влез во САД.

Со американскиот партнер се разговарало и за приоритетите и реформите на македонската влада.

Последната рунда од Стратешкиот дијалог носи придобивки и во делот на заштитата на културното наследство..

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Законот за правична застапеност го помина владиниот филтер – на ред е Собранието

Поголема правична застапеност, но и подобар квалитет на работата на администрацијата и јавниот сектор. Вакви очекувања има Владата од новиот Закон за правична застапеност кој вчера го помина владиниот филтер, а доби зелено светло и од Венецијанската комисија и кој во наредниот период ќе биде испратен во Собранието, каде пратениците со Бадентер ќе треба да го донесат. 

– Јас мислам дека со овој Закон за правична застапеност конечно ќе се надминат сите стереотипи од минатото, сите антиуставни елементи и сето она што претставуваше камен на сопнување, конечно се нуди решение кое ќе ги реши овие проблеми и да можеме сите заедно правично застапени да ја градиме нашата заедничка татковина Македонија, рече премиерот Мицкоски.

Албанскиот политички партнер во Владата задоволен. Од ВРЕДИ велат дека правичната застапеност не може да се одржува со импровизации и половични решенија.

-Овој закон воведува ред таму каде што со години владееше нејасност, воспоставува механизми за спроведување и предвидува координативно тело, предводено од вицепремиер, како гаранција дека правото на Албанците за правична и соодветна застапеност повеќе нема да биде занемарено. Фактот што законот е изработен и во согласност со забелешките на Венецијанската комисија дополнително ја зацврстува оваа одлука, велат од ВРЕДИ.

На Закон за правична застапеност се чека година и половина, откако Уставниот суд „ја бутна“ алатката Балансер за која постојано имаше критики дека се злоупотребува при вработувањето на државно.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите

Платите на судиите сепак ќе се зголемат.

Уствниот суд ја поништи одлуката за намалување на коефициентите за пресметка на судиските плати, изгласани во Собранието крајот на февруари.  По поднесените иницијативи од Здружението на судии,  Уставен поведе постапка за оценување на уставноста  на законот за изменување на Законот за плати на судиите и денеска донесе одлука  истиот да се поништи.  Ова значи дека се враќаат повисоките коефициенти за пресметка , кои во зависност од позицијата и видот на судот каде работат, се движат од 2,15 на 2,84.

Ако се помножат со просечната бруто плата , доаѓа дека најниската  плата ќе изнесува 146,094 денари, додека највисоката 192,,980 денари.  Зголемувањето кај најниската е  нешто над 200 евра, а кај највисоката –   276 евра бруто..  

Како решавачки аргумент за ваквата одлука беа земени  во предвид   значењето на финансиката независност  и самостојност на судството

Коефициентите за утврдување на платите на судиите беа намалени два пати во 2024 година и повторно во февруари 2026 што според Судот, укажува дека постои тенденција на намалување на реалниот износ на судиските плати, што создава опасност за загрозување на нивната материјална положба, а со тоа и загрозување на независноста и самостојноста на судството.

Од Уставен појаснуваат дека ова решение не се однесува за  платите на уставните судии, , за кои ќе одлучуваат дополнително,  бидејќи се во друг предмет.

Оваа одлука исто така не се однесува на сите останати избрани и именувани функционери. Меѓу кои  – јавни обвинители, пратеници, министри, градоначалници , директори. Коефициентитре на сите се спуштија преку пакет од 6 закони, изгласани крајот на февруари во Собарнието.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции

Досега во Македонија се откупиле 100.000 јагниња по цена од 280 денари. Според министерот за земјоделство сега бил шпицот на откупот и се очекува истиот да продолжи со сегашното темпо и динамика. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски потенцираше дека на одгледувачите на овци им биле исплатени сите субвенции по грло до 2025 година, односно државата исплатила над 1 милијарда денари.

„Со ова практично ја затвораме комплетно исплатата кон оваа сточарска гранка. Реализацијата по однос на сите плаќања по однос на овчарството мислам дека ќе бидат доволен стимул за тековната 2026 да имаме задржани повеќе женски јагниња, односно зголемување на бројната состојба на овците во Македонија“, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Министерот истакна дека за 2026 и 2027 година ќе добијат субвенции и оние земјоделци кои се под прагот за предвидената мерка за субвенционирање се со цел во овој период да се прилагодат земјоделците и да ги постигнат бараните квоти.

„Нема никој да биде исклучен од процесот на земање субвенции. Во тековната програма за 2026 година има посебна мерка која ќе ги опфати сите овие мали земјоделци кои се под праговите кои ги имаме ставено во програмата за 2026 година. Исто така ваква мерка ќе постои и во 2027 година, со цел овие 2 години заедно со сточарите да помогнеме да ги постигнеме тие минимални прагови“, додаде Трипуновски.

Одгледувачите на овци истакнаа дека со исплатата на овие субвенции и цената која што се постигна годинава позитивно ќе дечуваат на сточниот фонд.

Исплатата на овие субвенции верувам дека ќе ги помогне многу сточарите и верувам дека другите години ќе се исплатат на време и само така може да расте бројката и со други стимулации да го вратиме женското јагне, да има исплата за приплод“, изјави Насер Џамаили, претседател на Сојуз на одгледувачи на овци.

Цената е добра, задоволни сме годинава со цената, имаше и за поголемо јагне пласман. Цените 280 денари беа на терен, а до 40 килограми јагниња одеа“, кажа Марјанчо Стојчески, одгледувач на овци.

На средбата се разговараше и за останатите проблеми кои ги имаат сточарите, а се со цел поддршка на ова гранка и зголемување на сточниот фонд во Македонија.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Мицкоски на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите: Ромската заедница е дел од нашата држава, не само формално, туку суштински, таа е дел од нашата историја и култура

Светскиот ден на Ромите не е само симбол, тој е потсетник дека секое општество се мери според тоа колку знае да ги препознае, да ги почитува и да ги поддржи своите луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски на вчерашното одбележување на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Тој посочи дека ромската заедница е составен дел […]

Source

Read More

Трипуновски: Со поддршка на земјоделците и правилните аграрни политики, ќе изградиме цврсто и одржливо земјоделство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вечерва беше во посета на населеното место Прељубиште во Општина Јегуновце, каде гослушнал гласот на земјоделците. Тој присуствуваше на трибината која се реализира во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Трипуновски информира дека со земјоделците разговарале за актуелните теми во земјоделскиот сектор, како […]

Source

Read More

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Со 61 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, Собранието вчера го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка. Средното полициско училиште ќе почне да функционира од 13 мај 2026 година, во рамки на сегашниот Центар за обука во Идризово, односно согласно новиот Закон за внатрешни работи – Полициска академија. Ќе работи по […]

Source

Read More