Category: News

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

Облачно време со услови за слаб дожд во источните делови ја одбележува денешната прогноза, додека температурите ќе се движат до 17 степени. Според Управа за хидрометеоролошки работи, претпладне во источниот дел од земјата ќе има локален слаб дожд, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од […]

Read More

Трамп се заканува со нови напади: Ќе знаеме сè за 24 часа, ги товариме бродовите со најдобро оружје ако преговорите не успеат

[ad_1] ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата земја ги полни воените бродови со најдоброто оружје произведено досега, додека американската делегација патува во Пакистан на разговори со Иран, предупредувајќи дека може да се употреби сила доколку не се постигне договор. „Во тек е ресетирање. Ги товариме бродовите со најдобра муниција, најдоброто оружје […]

Read More

Русија испраќа спасувачи во Дагестан по разорните поплави

Руското Министерство за вонредни ситуации испрати дополнителни 100 спасувачи и 30 единици опрема во поплавените подрачја на Дагестан, соопшти прес-службата на министерството. Како што е наведено, по наредба на ресорниот министер Александар Куренков, спасувачките екипи од Донскиот спасувачки центар се упатени во повеќе погодени општини за да помогнат во санирање на последиците од поплавите и …

Русија испраќа спасувачи во Дагестан по разорните поплави Read More »

The post Русија испраќа спасувачи во Дагестан по разорните поплави appeared first on Независен Весник.

Read More

И комесарот за човекови права на ОН ја обвини Србија за бруталност

  Само еден ден откако група европски пратеници ѝ пишаа на Урсула фон дер Лајен да ги закочи финансиите на Србија поради бруталноста на режимот на Александар Вучиќ против сопствените граѓани, високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека зголеменото ограничување на граѓанскиот простор во Србија, кое е обележано со континуирани …

И комесарот за човекови права на ОН ја обвини Србија за бруталност Read More »

The post И комесарот за човекови права на ОН ја обвини Србија за бруталност appeared first on Независен Весник.

Read More

Алергиите кај деца во подем – кивање, чешање на очи и на нос

Продолжениот празничен викенд речиси го испразни градот но не и дежурните лекарски служби.  Во педијатрискиот пункт во поликлиниката Битпазар синоќа имале околу  40 прегледи, претежно кај доенчиња и деца на две и тригодишна возраст. Лекарите велат дека променливото време се уште е причина за горно респираторни инфекции но и алергиски реакции од полен.

-Се почеста ни е посетата од дечиња кои имаат симптоми на алергиски ринитис, алергиски конјуктивитис, односно симптом исо сешање на очи и на носото, кивање..но немаат некои потешки влошувања, немаат покачена температура туку серозна носна секреција и се во добра општа состојба, вели Д-р Каролина Ристова Стефановска, педијатар Здравствен дом Скопје

Освен вообичаените симптоми, лекарите предупредуваат дека пролетните алергени можат да предизвикаат и сериозни компликации како што е отежнато дишење и свирење во градите.

-Особено треба да бидеме внимателни овој период кај децата со хронични опструктивни болести а ги има многу, како што е на пример астма. Кај децата со астмас сезонските аларгени можат да доведат до влошување на состојбата како на пример отежнато дишење, засилена кашлица, вели д-р Стефановска.

Како превенција и заштита од алергените лекарите советуваат да се избегнува излегување рано наутро кога концентрацијата на полен е највисока, веднаш промена на облеката по враќање дома и одржување на хигиена на носот.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели

Неизвеснот и загриженост владее на пазарите пред утрешните преговори  меѓу САД и Иран, кои треба да се одржат  во Пакистан.

Нафтата повторно се доближува до 100 долари за барел, индексот на европските,  азиските  и американските берзи благо порасна. Додека  Ормутскиот теснец останува затворен. Инвестоторите внимателно ја следат цената на нафтата, која служи како  барометар за економијата и движење на инфлацијата  

.- „Инвеститорите, секако, продолжуваат да ги следат случувањата во Ормутскиот теснец со нервозно исчекување. Доналд Трамп, соодветно, го критикуваше Иран за многу лоша работа. Се шпекулира дека ќе бидат воведени тарифи на поединечни бродови, или дека преминот на крајот ќе зависи од поединечните земји на бродовите. Како такви, инвеститорите продолжуваат да го следат Ормутскиот теснец, што е клучен фактор за цената на нафтата. Цената на нафтата неодамна остана постојано под 100 американски долари за барел. Инвеститорите се малку поубедени, а видовме неделен раст од 2,7% во оваа кратка поствелигденска недела.“ ,изајви Тим  Охснер, германски аналитичаа

Затворениот Ормутски тесенц  ја зголеми побарувачката на нафта од Северното море. Споре Фајненшл  Тајмс, нафтатат од типот Фортиз  Бленд, која е веднаш подготвена за испораката, достигна цена од 147 долари за барел , далеку повисока од 97 те долари колку што е рефернатната цена од типот Брент. Ова покажува дека  на светскиот пазар провладува став од недостиг, а  побарувачката е толку висока што ги пореметила и клучните механзими за тргување . Трговците велат дека не можеле да купуваат по таканаречените Це еф Де договори  инструмент која ја прати разликата помеѓу моментралната  и идна цена – бидејќи таа  разлика надминала 30 долари по барел.

Овие договореи служат  како заштита од растот на цената ,а трговците велат дека не се сеќаваат на слични ситуации како оваа до сега, па дел од транскациите ги прават надвор од службената берза.

Високиот притисок на пазарот покажува колку глобалната енергетска криза се продлабочува, наспроти оптимистичките пораки на американскиот претседател Трамп  дека Иран повторно ќе го отвори теснесот  низ кој поминува 20 отсто од светската нафта.

Ако не се отвори во целост  во рок од 3 недели , без гориво ќе останаат  европските  аеродроми . Авикомпаниите велат дека ги трошат последните залихи и  нивните добавувачи не можат да им гарантираат  испораки на гориво во мај. Затоа дел од нив почнаа со редуцирање на летовите, се додека не се отвори теснецот , низ кој  поминуваат дури 40 отсто од светските потреби  на гориво за авиони. .

Фото за вовед: 
Видео: 
Категорија: 
Read More

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во Вашингтон се сретна со директорот на Агенцијата за безбедносна соработка (АНС) на САД Мајк Милер.

-Значајни средби и стратешка соработка! Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет, имајќи ја предвид нивната клучна улога во обезбедувањето на стабилноста и безбедноста на регионот, напиша Мисајловски на својот Фејсбук профил.

На средбата, информира Мисајловски, разговарале за досегашната успешна соработка меѓу двете држави во областа на одбраната, која се реализира преку програмите за поддршка преку кои САД обезбедуваат финансирање, опрема и поддршка за сојузничките земји.

-Во следниот период предвидени се нови набавки насочени кон модернизација и јакнење на капацитетите на Армијата. Соработката со нашиот стратешки партнер САД продолжува со засилено темпо, со јасна заедничка определба за понатамошен развој и унапредување на одбранбениот сектор, наведува Мисалјовски.

Мисајловски вчера во Пентагон остварил средба и со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман.

-На средбата беше потврдено дека стратешкото партнерство и соработката во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. Ова претставува цврста основа за нивно понатамошно продлабочување, унапредување и дополнително зајакнување на партнерството со Соединетите Американски Држави, во интерес на регионалната и глобалната безбедност. Воедно, изразив благодарност за досегашната поддршка, која има значајна улога во развојот и модернизацијата на македонските одбранбени капацитети, како и во зајакнувањето на нашата подготвеност и интероперабилност со сојузниците, истакна Мисајловски. 

 

МИА

Read More

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

„Од почетокот на примената регистрирани се над 52 милиони влегувања и излегувања. Комисијата го поздравува денешното целосно воведување на овој нов систем за влез во ЕУ и излез од блокот (EES)“, се наведува во соопштението. Благодарение на новата автоматизирана контрола, регистрирањето на еден патник трае во просек 70 секунди, што значително ја забрзува процедурата.

Системот ги заменува рачните печати и овозможува евиденција на личните и биометриските податоци, со цел полесно следење на пречекорувањата на престојот. Новите правила се однесуваат на државјани на трети земји кои не се членки на ЕУ или на Шенген-зоната (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а се применуваат за краткорочен престој до 90 дена.

Иако на почетокот на годината секторот за воздушен транспорт изрази незадоволство поради одложувањата, ЕК денеска потврди дека системот е успешно имплементиран на сите гранични премини на надворешните граници на ЕУ. 

Read More

Меџити: Напредуваат работите на улицата „Ферид Мурад“ – проектот добива форма од ден на ден

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денесka одблизу ги проследи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти Општина Чаир. Како што додаваат оттаму, досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот […]

Source

Read More