Category: Media

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци кои го следат процесот

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Унгарија, што се одржуваат на 12 април 2026 година. Мисијата се состои од повеќе 130 парламентарци од 37 земји на ОБСЕ, кои […]

Read More

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот план за вработување за 2025 година, од вкупно околу 13.000 лица планирани за вклучување, 8.576 или 70,9% се млади луѓе до 29 години. „Сонцето на надежта за нашите млади свети посветло од кога било. Ова […]

Read More

Ливерпул ја прекина серијата од три порази, го победи Фулам со головите на Нгумоха и Салах

[ad_1] ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР Фудбалерите на Ливерпул го победија Фулам во 32-то коло од англиската Премиер лига со резултат од 2:0. Ливерпул поведе на „Енфилд“ во 36-тата минута кога тинејџерот Рио Нгумоха, на асистенција на Флоријан Вирц, го спречи Бернд Лено на навистина мајсторски начин. Голманот на Фулам мораше да ја внесе топката во сопствената […]

Read More

Завршена првата фаза од преговорите меѓу САД и Иран

Исламабад-Првата фаза од директните разговори меѓу Иран и САД, со посредство на Пакистан, заврши денес, при што делегациите разменија писмени предлози за усогласување на своите ставови за постигнатите договори, објави Ал Џезира, повикувајќи се на извори. Извори блиски до иранската делегација изјавија дека нивното учество во разговорите следело по одлуката на САД да ги ослободат …

Завршена првата фаза од преговорите меѓу САД и Иран Read More »

The post Завршена првата фаза од преговорите меѓу САД и Иран appeared first on Независен Весник.

Read More

Погледнете фотографии од астронаутите по речиси десет дена во вселената

  Четири астронаути од мисијата „Артемис II“ на НАСА безбедно се вратија на Земјата по речиси десет дена орбита околу Месечината. Нивната капсула слета во Тихиот Океан, успешно завршувајќи ја мисијата што ги однесе подалеку од нашата планета од кој било друг во историјата. Екипажот сега е безбедно на брод за спасување. Нивното вселенско летало …

Погледнете фотографии од астронаутите по речиси десет дена во вселената Read More »

The post Погледнете фотографии од астронаутите по речиси десет дена во вселената appeared first on Независен Весник.

Read More

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп објави денеска дека војската на САД започнала процес на расчистување на Ормуската Теснина и дека сите ирански бродови наменети за поставување мини се потопени.

„Сега го започнуваме процесот на расчистување на Ормуската Теснина“, напиша Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека сите 28 ирански бродови за поставување мини веќе се наоѓаат на морското дно.

Трамп во неколку наврати изјави дека американските сили ги уништиле иранските морнарички и воздухопловни капацитети, истовремено нанесувајќи тешки удари врз нуклеарната и програмата за балистички ракети на Техеран. Стравувањата од ирански напади врз трговските бродови во изминатите неколку недели практично ја затворија Ормуската Теснина, која е критичен канал за светско снабдување со нафта, што пак предизвика сериозни потреси на глобалните енергетски пазари.

Read More

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение

Read More

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО

Во источниот дел на државата, во околината на Пробиштип, се развива иницијатива која има потенцијал да го стави регионот на светската мапа на природно наследство. Станува збор за идејата за формирање на геопарк „Лесново“ проект кој ги обединува природните, геолошките и културните богатства на овој простор. Овој регион е познат по своето вулканско потекло. Впечатливите карпести формации, пештери и остатоци од древни вулкански активности сведочат за богатата геолошка историја, што го прави исклучително атрактивен за научници, туристи и љубители на природата. Во рамки на иницијативата, се работи на валоризација и заштита на локалитетите, со цел подрачјето да стане дел од мрежата на геопаркови под покровителство на УНЕСКО.

  • Се надевам дека ќе наидеме на поддршка од општините од Источниот плански регион, Бирото за рамномерен регионален развој, локалната самоуправа, па и Владата, бидејќи ова е едно специфично вулканско подрачје кое ќе претставува место каде што ќе можат сите заинтересирани посетители за овој тип на туризам, да видат како изгледа еден кратер и кои се убавините на овој лесновски регион, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип.

Доколку оваа цел се реализира, тоа би бил првиот геопарк од ваков вид во земјава. Манастирот во Лесново, природните пештери и уникатните пејзажи нудат можност за развој на туризмот и локалната економија.

  • Тука се вулканските „бомби“, пештерите во самиот лесновски кратер во близина на манастирот. Има многу содржини од геолошки аспект кои сите заинтересирани ќе можат да дојдат и да ги видат, а ние како регион ќе се гордееме со тоа, додаде Тоневски

Очекувањата се дека со понатамошна поддршка и инвестиции, овој дел од земјата ќе прерасне во значајна туристичка и едукативна дестинација, која ќе го афирмира природното наследство на Македонија и надвор од нејзините граници.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Read More

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика сабота – денот на тишината и исчекувањето пред најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение.

Верниците го поминуваат денот во молитва и подготовка за полноќната богослужба кога ќе биде објавена радосната вест за Велигден.

Во Ерусалим, во црквата на светиот гроб, веќе слезе благодатниот оган- симбол на Христовото Воскресение и вечната светлина.

Огнот потоа се пренесува во повеќе православни земји, каде верниците го примаат како благослов во пресрет на Велигден.

Камбаните ќе се огласат на полноќ, кога со поздравот Христос воскресна ќе започне прославата на празникот, кој верниците го дочекуваат во храмовите и во кругот на семејството.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 
Read More