Category: Media

ГО ВИКНАЛ ДОМА ЗА ДА РАЗГОВАРААТ, ПА ПОЧНАЛ ДА ПУКА ВО НЕГО Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. „На 14 ноември, околу полноќ, осомничениот во алкохолизирана состојба, го зел […]

Read More

Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Read More

Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 14 ноември, околу полноќ, осомничениот во алкохолизирана состојба, го зел со автомобил оштетениот под изговор дека ќе разговараат и го однел во сопствениот дом. Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него. Му нанел повеќе повреди, по што сведоци го пренеле оштетениот во болница.

Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност дека ќе влијае врз сведоците или ќе го доврши обиденото дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Read More

Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари

По рекордниот пораст на цената на биткоинот над 90.000 долари ја зголеми вкупната вредност на сите дигитални средства над 3,2 трилиони долари, најбогатите во светот на крипто забележуваат значително зголемување на нивното богатство.

Форбс проценува дека 11-те најбогати крипто-милијардери, чии средства главно се состојат од токени и акции, колективно ќе го зголемат своето богатство за 38 милијарди долари во 2024 година.

Read More

Протест на британските фармери поради најавата за данок на наследство

Околу 200 земјоделци протестираа денеска во седиштето на владејачката Лабуристичка партија на британскиот премиер Кир Стармер поради неговата најава за данок на наследството на земјоделското земјиште. Во Ландудно, на северот на британската провинција Велс, беа донесени десетици трактори и друга земјоделска механизација со натписи „Даноци на труд = недостиг на храна“ и „Работничка војна на …

Протест на британските фармери поради најавата за данок на наследство Read More »

The post Протест на британските фармери поради најавата за данок на наследство appeared first on Независен Весник.

Read More

Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура

Првиот човек на ЈПДП, Коце Трајановски најавува градежна офанзива до крајот на оваа и во следната 2025 година во делот на патната инфраструктура. Покрај автопатските делници, во план е изградба и на неколку обиколници.

– Моментално сме во подготовки на проектирање на обиколница околу Кавадарци. Воедно, при крај се проектите за обиколница кај Ресен, за обиколница на Битола па се до Меџитлија, а следна година ќе започнеме со проектирање на патот од Куманово до Страцин, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП

Ќе се работи и на нова делница за поврзување со соседна Албанија.

– Наместо да се оди горе на Ќафа сан, да се направи тунел од наша и од албанската страна. Веќе има прелиминарни договори со албанската Влада по пола да се финансира тој тунел, така што ќе биде многу полесно, побезбедно и  побрзо движењето меѓу Македонија и Албанија, додаде Трајановски

Моментално се работи на рехабилитација на регионалниот пат кој ги поврзува општините Штип и Карбинци.

– Преку јавното претпријатие се вложени околу 30 милиони денари, за потребите на жителите на двете општини кои транзитираат по овој патен правец, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

За продолжување на градежната сезона, при ниски темепратури ќе се работи со технологија на т.н. зимско асфалтирање со соодветни адитиви, а ќе се работи и ноќе.

 

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Read More

Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржал работен состанк со  меѓуресорската работна група, составена од членови на МВР и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, која работеше на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

-Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град“. Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцирал Тошковски.

Како што соопшти МВР, министерот истакнал дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

Read More

РУСИЈА УСВОИ ЗАКОН КОЈ ЗАБРАНУВА ДА СЕ ПРОМОВИРА ЖИВОТ БЕЗ ДЕЦА СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОТТИКНЕ НАТАЛИТЕТОТ

Долниот дом на рускиот парламент едногласно усвои закон за забрана на промовирањето на живот без деца, со надеж дека ќе […]

The post РУСИЈА УСВОИ ЗАКОН КОЈ ЗАБРАНУВА ДА СЕ ПРОМОВИРА ЖИВОТ БЕЗ ДЕЦА СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОТТИКНЕ НАТАЛИТЕТОТ appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More

ОСТАВКА ПОДНЕСЕ ДИРЕКТОРОТ НА ШТИПСКОТО СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ГОРАН КАВРАКОВ

Директорот на Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов“, Горан Кавраков, поднесе оставка на функцијата. Кавраков оставката ја доставил до Министерството […]

The post ОСТАВКА ПОДНЕСЕ ДИРЕКТОРОТ НА ШТИПСКОТО СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ГОРАН КАВРАКОВ appeared first on Сакам Да Кажам.

Read More