Основното јавно обвинителство од Битола денеска отвори предмет за случајот со застреланата мечка и фотографијата на која позира Сашо Дранго, заменик-директор на „Македонија пат“.
„По објавата по медиумите оформен е предмет и се постапува за да се утврди што точно се случило. Обвинителството ќе се обрати до Здружението ‘Анима мунди’ да ни ги достават нивните материјали како и евентуалните пријави кои ги доставиле до МВР или други државни институции“, изјавија од обвинителството за дел од медиумите.
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, денеска објави фотографија од заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго, со мртва мечка која е од незаконски лов. Здружението најави кривична пријава и побара одговорност од Дранго.
Дранго за дел од медиумите денеска изјави дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој и вработени во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа.
КОЈ Е ВО ПРАВО, А КОЈ ВО ЗАБЛУДА? „Анима Мунди“ го обвини заменик директорот на „Македонија пат“ дека убил мечка, а тој тврди дека мечката настрадала во сообраќајка
![](https://tvstanici.b-cdn.net/wp-content/uploads/2025/01/Drango-so-ubiena-meka-750x721.jpg)