Анонимно лице измамило 65-годишна скопјанка за сума од 45.0000 денари. Лицето ја излажало жената дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајка со смртни последици и дека таа требало да плати за да ја ослободат нејзината ќерка.
„На 25 декември 2024 година, во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат. Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во паркот „Жена Борец“, а подоцна сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Прочитајте ја целата статија од изворот