„Ако нè нападнете на каков било начин, САД ќе одговорат со сила невидена досега“.
Ова го порача претседателот на САД, Доналд Трамп, преку неговата мрежа Трут сошал (Truth Social), упатувајќи остро предупредување до Техеран.
Трамп нагласи дека САД „немаат никаква поврзаност со нападот врз Иран“ и го повика Техеран да не го вовлекува Вашингтон во конфликтот.
Тој додаде дека САД би можеле лесно да постигнат договор помеѓу Иран и Израел и да го запрат конфликтот.
Трамп потсети дека оваа пролет му дал на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рок од 60 дена за договор за иранската нуклеарна програма.
„Денеска е 61-от ден – рече тој за Си-Ен-Ен, додавајќи дека уште тогаш го повикал израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, да го одложи нападот врз Иран за да се даде шанса на дипломатијата.
ИРАН ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ ИЗРАЕЛ, ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 8 ЛУЃЕ Пазешкијан се закани со уште потежок и посилен удар
The post АКО ГИ НАПАДНЕТЕ САД, АМЕРИКА ЌЕ ОДГОВОРИ СО СИЛА ШТО СВЕТОТ НЕ ЈА ВИДЕЛ Трамп го предупреди Иран да не го меша Вашингтон во конфликтот appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот