Креативниот директор на „Гранд“ Саша Поповиќ кој почина вчера на 70 година по кратко и тешко боледување, последните месеци се лекуваше во Париз, а неговото отсуство се почувствува и во емисиите.
Меѓутоа, Саша постојано бил на телефонска линија со соработниците додека се снимала емисијата, а неодамна кога членовите на жирито открија дека тој е на телефон, радосно го поздравија.
Поповиќ тогаш внимателно ја следел емисијата, бидејќи ги послушал барањата на Марија Шерифовиќ до него во „Ѕвезде Гранда“.
– Имам информации за вас, па ѕидовите ќе останат – открил Воја Недељковиќ, додека Шерифовиќ почнала да се радува и да вреска од среќа.
– „Тоа Сале, легендо“, „Те сакаме“, „Здраво мајсторе“, „Дојди кај нас што побргу“ – беа зборовите што жирито му ги упати на Поповиќ.
Тогаш членовите на жирито дознале дека креативниот директор на „Гранд“ иако болен и физички далеку од нив, бил цело време пред камера додека се снимале сериите.The post ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ ТЕЛЕФОНСКИ СЕ ВКЛУЧИ ВО „ЅВЕЗДЕ ГРАНДА“ Саша Поповиќ се лекуваше во Париз first appeared on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
