Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција

Мерки на претпазливост за десет припадници на затворската полиција, меѓу кои и поранешниот директор на Затворот во Шутка, Филип Андов – Сокол бара Јавното обвинителство за гонење организиран криминал по денешната акција и претресите кои ги вршеше полицијата. 

Групата се сомничи за неколку кривични дела како „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Но на Андов и уште еден затворски полицаец на товар им се става и кривично дело  „овозможување бегство на лице лишено од слобода“.

Како што соопшти ОЈОГОКК, станува збор за два одделни случаи. Едниот случај е за вонредниот надзор кој летоска го спроведе директорот на Управата за извршување санкции, и кога беше утврдено дека во затворот недостасуваат 11 осуденици, кои не биле пријавени дека се отсутни. 

Во другиот случај, раководството на затворот им давало поритвзаконска поволност на петмина осуденици. Иако со судските одлуки не им било дозволено привремено да бидат ослободени, петмината осуденици добивале службени возила, и обезбедување од затворот за да излезат надвор и да извршуваат приватни работи. А по 8 до 10 чеса осудениците биле враќани назад во затворот.

Шемата одела така што осудените доставувале молба до директорот кој со факсимил или потпис ги одобрувал молбите тие да можат повремено да го напуштат затворот. 

– Врз основа на потписот третопријавениот – командир на затворска полиција, кој бил задолжен за спровод, иако знаел дека таквиот вид на спровод е спротивен на закон и процедурите за спровод, изготвувал наредба за спровод на осудените лица која наредба била одобрена од првоосомничениот, а во неколку наврати тоа го сторил второосомничениот – затворски полицаец и личен возач на директорот. Одобрените наредби третоосомничениот ги предавал на останатите осомничени затворски полицајци, кои иако знаеле дека таков спровод на осудено лице е спротивен на законот и процедурите, го извршувале користејќи службени возила и службено гориво на установата и ги носеле осудените до определените места ослободувајќи ги да извршуваат приватни работи, а по 8 до 10 часа ги враќале назад во затворот. За извршената наредба на дел од осомничените затворски полицајци првоосомничениот им одобрувал прекувремени работни часови. Со ваквите противзаконски дејствија била предизвикана штета на Буџетот на РСМакедонија, за сметка на мала имотна корист за петмината осомничени, велат од ОЈОГОКК.

Осомничените сега остануваат без патна исправа, имаат забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јават во полициска станица. 

 

Фото за вовед: 
YouTube видео: 
Категорија: 
Новинар: 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×