ЕТИКА И ЛОГИКА НЕ СЕ УКИНУВААТ, ЌЕ СЕ ИЗУЧУВААТ ВО ФИЛОЗОФИЈА Јаневска не исклучува корекција за новиот концепт на гимназинско образование

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во однос на реакциите за концептот на гимназиско образование вели дека целта на новиот концепт е на прво место да дојдат афинитетите на учениците, а со тоа да се дојде и до подобар успех во македонското образование.
– Причините за промената на концепцијата на гимназиското образование, е тоа што таа 24 години во Македонија не е променета. Целото општество се согласува дека е потребна промена и ние, заедно со Бирото за развој на образованието, понудивме Предлог концепција за новото гимназиско образование. Во оваа концепција во центарот е поставен ученикот, неговите афинитети кон одредени предмети или кон одредени полиња, области кои ќе побудат кај него интерес и желба за учење. Познато е дека, за жал, нашите ученици не покажуваат добри резултати на меѓународните, па и на домашните тестирања. Се надеваме дека со еден таков концепт учениците кои пројавуваат интерес за одредени предмети ќе покажат и подобар успех, затоа што со желба ќе ги совладуваат знаењата и вештините и компетенциите од тие предмети – наведува министерката во интервју за „Гласот на Америка“.
За Јаневска е нормално да има реакции бидејќи, како што вели, секоја новина предизвикува бурни реакции, но нагласува дека се работи за драфт веризија која е ставена на јавна расправа и се очекуваат предлози од стручната фела.
Таа не ја исклучува можноста за промени во концептот.
– Во контакт сме со Бирото за образование, кое дефакто е стручното тело да создава и предлага концепти, наставни планови и програми. Немавме сериозна средба до сега, но ќе оствариме. Во првичните контакти, да ние сме расположени да направиме некакви промени – нагласува Јаневска.
Министерката вели дека не се укинуваат предметите Етика и Логика и дека тие се дел од Филозофија.
– Не се укинуваат предметите. Во предметот Филозофија, со по 2 часа во 3. и 4. година, составен дел се и Етика и Логика. Ако професорите учествуваат во создавање на наставната програма, Министерството не може да им се меша во тоа што тие ќе вметнат во програмата и што ќе предаваат. Ако кажеме дека поединечно нема Етика и нема Логика да, меѓутоа има Филозофија во која може да се предава и Етика и Логика. Од тука, не гледам дека е тоа сериозен проблем. Проблемот е што тие предмети во 3. и 4. година ги ставивме како изборни, односно обврзувачки изборни предмети. Од група на шест (предмета) детето да избере два, а од друга група на 3 или 4 (предмета) ученикот да избере два предмета, на кои ќе се посвети –  појаснува Јаневска.
Таа додаде дека јавната расправа ќе продолжи и дека ќе се разработува концепцијата.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×