НАТО ПОКАНАТА Е КЛУЧ ЗА МИРОТ Зеленски смета дека Украина чекори кон крај на конфликтот

Упатувањето покана до Украина за приклучување кон НАТО, ќе ја зајакне земјата политички и она што е уште поважно ќе ја донесе до реален и праведен мир, порача од Брисел украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Украина постигна нешто што до неодамна се чинеше невозможно – успеа да го запре рускиот масовен напад и да се одбрани од инвазијата. Останавме обединети и ја зајакнавме нашата одбранбена способност и производството на оружје – истакна вечерва Зеленски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одржана пред заседанието на Советот за соработка НАТО-Украина во рамки на состанокот на министрите за одбрана на Алијансата, што денеска и утре се одржува во Брисел.
Зеленски се заблагодари за доставеното оружје и опрема, како и за глобалната поддршка за Украина од целиот свет, како и за поддршката за обнова на нејзината инфраструктура уништена во руските напади во пресрет на зимата, потенцирајќи дека зајакнувањето на земјата не зависи само од доставеното оружје, туку и од искажаната волја и зачувувањето на единството за нејзина поддршка.
– Украина заедно со своите партнери знае како да ги постигне своите цели и тоа е најважно – рече Зеленски, додавајќи дека иако Украина се уште чека на целосно исполнување на ветувањата дадени на Самитот на НАТО во јули, таа им е благодарна на своите партнери за досега доделената поддршка, од која зависат животите на украинските војници на теренот.
Тој истакна и дека Украина еден ден сака да стане членка на НАТО и мора да се направи се за тоа да се случи, затоа што би било погрешно земјата да се остави надвор од Алијансата каде што и е местото.
– Затоа еден од главните точки во Планот за победа е покана за членство во НАТО. Ние Украинците покажавме дека можеме да се браниме, да споделуваме вредности и да се спротивставиме на Русија – најголемата закана за Европа и глобалниот мир – рече Зеленски, додавајќи дека според Повелбата на НАТО, секоја земја што може да се брани себеси и другите и ги споделува заедничките вредности може да се приклучи на НАТО.
Според Зеленски, тоа што денешнава е негова трета средба со Руте откако тој ја презеде должноста генерален секретар на НАТО на 1 октомври, претставува показател за нивото на односите меѓу Алијансата и Украина.
Руте, од своја страна, истакна дека со нетрпение го очекува денот кога Украина ќе стане членка на НАТО, а дотогаш Алијансата ќе стори се што е во нејзина моќ со цела земјата да надвладее на теренот, што е од витално значење за заедничката безбедност.
Тој додаде дека вработените во Командата на НАТО за координирање на безбедносната помош и обука за Украина со седиште во германскиот град Визбаден, прават се за да ја обезбедат потребната помош и поддршка за Украина.
– НАТО работи со Украина, доведувајќи ја се поблиску до Алијансата, но работиме и со останатите наши партнери за да ја зајакнеме безбедноста на сите нас – додаде Руте, потсетувајќи дека министрите денеска одржаа заеднички состанок со колегите од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд и со претставници на ЕУ посветен на зајакнување на соработката во заедничките одбранбени напори.
Според него, војната во Украина покажа дека нестабилноста во Европа, има далекусежни последици ширум светот и земји кои се илјадници километри далеку, како Иран, Кина, дури и Северна Кореја можат да бидат „безбедносни потпкопувачи во нашиот двор“.
Руте истакна дека во современиот свет кој е блиску поврзан, поврзана е и безбедноста, посочувајќи дека сите ме сведоци како Кина со своите постапки ја овозможува војната во Украина, додека Иран и Северна Кореја ја поддржуваат со доставувањето на проектили и оружје за руските сили и со поддршка на нејзината воена индустрија.
– Затоа мораме да направиме јасна проценка на предизвиците со кои се соочуваме и да работиме со нашите партнери за справување со тие предизвици и за одбрана на нашите заеднички вредности – потенцира Руте, додавајќи дека од тие причини и ЕУ и партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион ја поддржуваат Украина, одбраната на демократијата и изградбата на свет базиран на владеењето на правото, а не на владеење на силата.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×