Подкастот е програма достапна во дигитален формат за преземање и следење преку интернет. Типично, подкастот е епизодна серија од дигитални аудио датотеки што корисниците можат да ги преземат на личен уред или да ги слушаат во време по свој избор.
Ова е дефиницијата за подкаст, иако овој тип на содржина освен преку стриминг интернет платформи, може да се гледа и слуша и на телевизија, доколку самата телевизија одлучи дека контентот е интересен за гледачите.
Па така, подкасти веќе снима секоја македонска национална телевизија. Канал 5, Алфа и Телма ги емитуваат подкастите на својата програма, покрај тоа што истите одат на нивните јутјуб канали.
За споредба, националните телевизии во регионот не емитуваат вакви студиско снимени подкасти на своите национални телевизиски фреквенции. Напротив, програмата на регионалните телевизии е комплетно поинаква од таа на нашите телевизии.
Па така, на бугарските и хрватски национални телевизии може да следите лиценцирани шоу програми, квиз шоуа, гејм шоуа и талент шоуа, но не е и подкасти.
Телевизиските сезони на хрватските приватни телевизии се исполнети со лиценцирани светски формати и домашни драмски серии, …
… додека пак во соседна Бугарија, приватните бТВ и Нова се натпреваруваат која повеќе шоу програми ќе прикаже во своите ударни термини.
Дани | ТВ Пакет