Руското Министерство за одбрана соопшти во петокот рано наутро дека соборило повеќе од 100 украински дронови во трета последователна ноќ на воздушни напади низ целата земја и врз анектираниот Крим, додека регионалните власти известиле за неколкумина повредени во нападите, објави Москов тајмс.
Според војската, најголем број дронови – дваесетина – биле уништени над московскиот регион. Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година, бил втор на листата со 22 соборени дронови.
Министерството наведе дека дронови биле пресретнати и над регионите Курск, Орјол, Тула, Брјанск, Рјазан, Белгород, Иваново, Владимир, Вороњеж и Липецк.
Во регионот Липецк, јужно од Москва, 8 лица биле повредени од остатоци по соборувањето на дронови над индустриска зона, соопшти регионалниот гувернер Игор Артамонов. Тој ги повика жителите да останат во своите домови и да се држат подалеку од прозорците.
Непотврдени извештаи од Телеграм канали наведуваат дека цел на нападот била фабрика за производство на батерии во Липецк. Наводно, таа фабрика произведува батерии за руската војска, вклучително и за дронови.
The post УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ РУСИЈА Соборени се 100 дронови над 12 региони во Русија, Крим меѓу најпогодените appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
