„Казната од 12 години затвор за вакво свирепо убиство е ништо друго освен награда за сторителот“.
Вака таткото на загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје ја искоментира пресудата за возачот Васил Јованов кој во јануари ја усмрти неговата ќерка удирајќи ја со автомобил.
– Само уште кога влегов во судницата забележав дека родителите на Васил Јованов се релаксирани. Дали тие ја знаеја висината на казната? Откако целиот овој случај е искасапен, не исклучуваме нашето незадоволство повторно преку протести да го изразуваме пред судовите и пред Судскиот совет. Тие штитат вакви криминалци од судии. Многумина на душа ќе ја носат Фросина. Бог нека им суди и нека им пресуди. Ние не се откажуваме – порача Кулаков.
На излегување од судницата Кулаков влезе во директна расправија со родителите на Васил Јованов.
The post „ДАЛИ РОДИТЕЛИТЕ НА ВАСИЛ ЈА ЗНАЕЈА ВИСИНАТА НА КАЗНАТА?“ Таткото на Фросина смета дека казната од 12 години е награда за сторителот appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
