ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИВАНОВ СТАНА ПОЧЕСТЕН ДОКТОР НА ТУРСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „НАМИК КЕМАЛ“ Дал придонес во унапредувањето на интеркултурниот дијалог

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов стана почестен доктор на Универзитетот „Намик Кемал” во Текирдаг (Турција), соопшти неговиот Кабинет.
Титулата почесен доктор на науки – Doctor Honoris Causa, Иванов ја добива како израз на признание за неговиот истакнат придонес во научниот развој, унапредувањето на интеркултурниот дијалог и зацврстувањето на регионалната соработка, како и за неговиот ангажман во промоцијата на вредностите на разбирањето, соживотот и мирот меѓу балканските народи.
„Особено беа истакнати неговите јавни и научни заложби за афирмација на балканскиот идентитет и мултикултурното живеење“, се наведува во соопштението.
Сенатот на Универзитетот ја донесе одлуката за доделување на ова високо признание по учеството на Иванов на Првиот меѓународен балкански симпозиум, одржан на 19 декември 2024 година на истиот универзитет. Симпозиумот беше посветен на темата „Културата на соживот на Балканот за време на Отоманскиот период”, каде што претседателот Иванов го отвори настанот со говор кој доби предизвика висок интерес кај академската заедница и присутните гости.
Во своето обраќање на денешната церемонија по повод доделувањето на титулата,  Иванов изрази голема благодарност за укажаната чест и нагласи дека академската соработка и негувањето на историското паметење се клучни елементи за изградба на заедничка иднина на Балканот, заснована врз доверба, почитување и солидарност.
Иванов деновиве  учествуваше на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата Мармара.
Тој зборуваше на сесијата „Дијалог на глобалните лидери”, посветена на темата „Мирни решенија, обновување на мирот”.
На оваа сесија се обратија и поранешни претседатели од повеќе држави, како Албанија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Молдавија, Романија, Чешка, кои споделија свои размислувања и визии за иднината на мирот и безбедноста во светот.
Во своето обраќање,  Иванов нагласи дека по 80 години од крајот на Втората светска војна, светот сè уште се соочува со војни, нееднаквост и нови форми на закани. Тој потсети дека победниците од Втората светска војна ветиле нов свет на мир и просперитет, но истакна дека денес, и покрај технолошкиот напредок и економскиот раст, светот е сè уште далеку од исполнување на тие идеали.
-Мирот не е само отсуство на војна – тоа е присуство на правда, слобода и достоинство. Тоа е наша заедничка одговорност – нагласи Иванов, повикувајќи на проширување на заветот „Никогаш повеќе” – не само за да нема војни, туку и да нема сиромаштија, неправда и страв.
Од 2009 година Претседателот Иванов традиционално учествува на скоро сите Евроазиски економски самити на фондацијата Мармара, кој како годишен настан редовно собира голем број политички лидери, претставници на меѓународни организации, академска заедница, бизнис заедница, како и граѓанскиот сектор од регионот, од Европа и Евроазија и пошироко.
The post ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ИВАНОВ СТАНА ПОЧЕСТЕН ДОКТОР НА ТУРСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ „НАМИК КЕМАЛ“ Дал придонес во унапредувањето на интеркултурниот дијалог appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×