Индија против Пакистан – Каков е односот на силите?

Најголемата воздушна битка во модерната историја се одигра над небото на Индија и Пакистан откако двете нуклеарни држави влегоа во судир. Битка на западното против источното вооружување. На небото се судрија француски авиони „Рафал“ кои ги користи Индија, но и најмодерните кинески Ј-10. Сепак, официјалниот став на Пекинг, кој во последните пет години најмногу го вооружува Пакистан, е дека не знае дали Исламабад користи кинеско оружје во судирот.

-Не сум запознаен со овие што го зборувате, вели Лин Хиан, портпарол на кинеското МНР

Пакистанските власти тврдат дека собориле „рафали“, но и други видови на воздухоплови, но засега нема потврда за вакво нешто од Њу Делхи. Засега нема информации за штетите на пакистанска страна.

Во битката, за која се верува дека ќе биде студирана од сите големи воени сили учествувале околу 125 борбени авиони, а ниту еден не го нарушил воздушниот простор на соседот. Пилотите, практично, гаѓале цели оддалечени и до 160 километри. 

Двете држави имаат историја на неколку директни и индиректни конфликти од напуштањето на британските колонијални власти во 1947 година. Станува збор за земји кои се во топ 5 по бројот на население во светот. Индија е на второто место со 1,4 милијарди луѓе, додека во Пакистан, која е петта по бројот на жители, живеат 252 милиони. 

Уште со овие бројки може да се предвиди односот на силите.

 Индија има далеку поголем одбранбен буџет од Пакистан. Њу Делхи за оваа ставка одвојува 75 милијарди, а Пакистан „само“ 7,6 милијарди. 

Голема е разликата и во бројот на воен персонал. Индија има речиси тројно повеќе активен воен персонал, повеќе од двојно поголем резервен состав, а огромна е разликата во паравоените структури. 

Иако оваа прва голема воздушна битка, барем според досегашните информации, му припадна на Пакистан, евидентно е дека Индија има далеку помоќна воздухопловна сила. И во кумулативната бројка на авиони, но и во бројот на борбени авиони.

И на земја Индија е далеку помоќна, иако податоците покажуваат дека Пакистан вложувал главно во самоодни артилерии.

Пакистан нема носачи на авиони, Индија има два. И кај бројот на подморници евидентна е надмоќта на Индија.

Сепак, иако на хартија Индија би требала да лесно да ја добие евентуалната војна меѓу двете држави, Украина покажа дека мотивацијата може да одигра клучна одлука.

-Пакистанската нација застанува зад Пакистанската армија. И уште поважно, сите политички партии и лидери од Пакистан, ги ставаат на страна сите различности за да застанат зад цела нација.

И Индија и Пакистан поседуваат нуклеарно вооружување. Иако за нуклеарните капацитети нема официјални податоци, се претпоставува дека и двете држави имаат по над 170 боеви глави. Евентуалната употреба на оружје за масовно уништување ќе има последици врз целиот Свет.

Фото за вовед: 
Категорија: 
Новинар: 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×