Заканите на социјалните мрежи секојдневие, но Македонија се уште без закон за сајбер безбедност. Единствена во регионот.
Статистката на Министертвото за внатрешни работи покажува дека на нивна адреса во 2024 година, 41 лице се охрабрило да пријави дека добива закани на некоја интернет платформа. А оваа година, заклучно со месец април, помош од институциите за вакви закани побарале 11 граѓани.
Првиот човек на министерството за дигитална трансформација за Сител вели дека законот за сајбер безбедност е во финална фаза. Очекува, пред јуни да влезе во Собрание, а народните избраници ќе имаат време од еден месец да го донесат истиот, бидејќи овој закон е дел од реформската агенда.
„Тој ќе отклучи 10 милиони евра од ЕУ за проекти за инвестиции и за реформи, така што тој закон е значаен од тој аспект, а второ дека ќе ја регулира одговорноста на институциите за хибридни закани за превентива, градење на институционален капацитет за превентива и за одговор на сајбер инциденти“, изјави за Сител Стефан Андоновски, министер за дигитална трасформација.
Додека не се изготви правната рамка, која ќе биде во согласност со европската регулатива, државата ќе има потешкотии да ги спречи сајбер заканите, и за тие што доаѓаат одвнатре, и за оние од надвор.
Стефан Андоновски, министер за дигитална трасформација
Инсититуциите кај нас, ќе имаат рок од максимум три ипол години да почнат да функционираат согласно правилата на европската легислатива.
Лажните дојави за бомби и годинава ги испразнија училиштата во Македонија. Последниот случај којшто ги вознемири родителите и децата беше на 8 април, а голема паника се создаде и во средината на февруари каде беа евакуирани 240 училишта низ државата.
Во 2023 имало близу 600 пријави.
Во последните три месеца од 2022 година полицијата има евидентирано 380 пријави за поставени бомби. Најголем дел од заканите биле за средни и основни училишта во Скопје.