Триесет и осумгодишна жена е убиена во експлозија во Солун рано утрово, соопшти полицијата.
Беше наведено дека истрагата е во тек, но дека жената веројатно носела експлозивна направа, која имала намера да ја постави на банкомат.
„Нешто тргна наопаку и експлодираше во нејзините раце“, изјави неименуван полициски службеник за Ројтерс.
Експлозијата се случи околу 5.30 часот утрово, предизвика штета на излозите на соседните продавници, како и на возилата паркирани во близина.
Очевидци за грчките медиуми рекоа дека експлозијата била многу силна.
Полицијата објави дека жената отпорано им била позната на властите како учесничка во неколку грабежи и се истражува дали била поврзана со екстремистички левичарски групи.
The post ЖЕНА ЗАГИНА ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО СОЛУН Планирала бомбата да ја постави на банкомат appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
