Извозот од земјава во јануари-февруари изнесува 75 650 милиони денари, што е пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 75 650.4 милиони денари и бележи пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 112 862.3 милиони денари, што е за 4.9 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 37 211.8 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – февруари 2025 година, изнесува 67.0 проценти.

– Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија, се вели во соопштението од ДЗС.

Во периодот јануари – февруари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1 229.4 милиони евра и бележи пораст од 1.8 процент во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 834.2 милиони евра, што е за 5.1 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 604.7 милиони евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1 276.7 милиони САД долари и бележи пад од 2.6 проценти однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 904.1 милион САД долари, што е за 0.6 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 627.4 милиони САД долари.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×