Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Дубаи се сретна со поранешниот македонски премиер Зоран Заев.
Според извори од Вашингтон, Трамп побарал поддршка од Заев за плановите на САД да го освојат Гренланд.
Заев ја поздравил и одлуката на претседателот на САД да го промени името на Мексиканскиот во Американски залив и предложил новото има на оваа важна геостратешка точка да важи ерга омнес, по примерот на употребата на новото име Северна Македонија.
Во врска со плановите на Трамп за Гренланд, Заев ја нагласил потребата од преговори со Данска и со зелените активисти од Европа. Поранешниот македонски премиер се понудил да посредува во преговорите со познатата активистка Грета Тунберг, со која тој одржува редовни контакти.
Зоран Заев му предложил на Трамп да го присоедини и Дубаи кон САД, а потоа да размислува и за присоединување на Северна Македонија.
Изразувајќи задоволство од конструктивниот придонес на поранешниот македонски премиер, Доналд Трамп ветил дека ниту Зоран Заев ниту кој било од неговото семејство во блиска иднина нема да се најде на американската црна листа.
На маргините на средбата Заев – Трамп, одржана е средба меѓу потпретседателот Џеј Ди Венс и претседателот на СДСМ Венко Филипче. Од средбата е упатена порака до македонскиот премиер Христијан Мицкоски да прифати одржување лидерска средба на предлог на Филипче, кој сепак е некаков лидер, иако неговата партија е на најниски гранки од нејзиното постоење.
За вечерва е предвидено Трамп, Заев и нивните придружници да присуствуваат на гала концерт на Харис Џиновиќ.
(Денеска е 1 април, Денот на шегата)
The post СРЕДБА НА ТРАМП И ЗАЕВ ВО ДУБАИ Американскиот претседател ветил дека нема да го стави на црната листа appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот
