Шест лица, меѓу кои и четворица полициски службеници, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во четвртокот вечерта во Куманово.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила околу 19:34 часот на крстосницата на улиците Благој Илиев Гуне и Страшко Симонов, каде што се судриле патничко возило пасат со кумановски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Љ.Љ. од Куманово, и полициско возило голф, сопственост на МВР.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на пасатот и неговиот 45-годишен сопатник Б.А., како и четворицата полицајци кои се наоѓале во службеното возило.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово, која работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.
The post КУМАНОВЕЦ СЕ ЗАБИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО Шестмина повредени во жесток судир, меѓу нив и четворица полицајци appeared first on plusinfo.mk.
Прочитајте ја целата статија од изворот